fbpx

На забава во Детроит загинало едно, а повредени се девет лица

-

Едно лице загинало, а девет се повредени на забава која била организирана на кошаркарски терен во Детроит, на која присуствувале многу деца.

Полицијата соопштила дека по пукањето една личност се наоѓа во критична состојба, другите се полесно повредени и дека се врши потрага по осомничените.

Според наводите на помошникот на шефот на полицијата, Стив Долунт, на забавата присуствувале многу деца, но за среќа ни едно не е повредено. Тој верува дека напаѓачот намерно пукал во едно лице кое било присутно на забавата, додека другите биле цел на нападот само поради тоа што се нашле на местото.

Помеѓу повредените има три жени, а една личност е веќе во притвор. Причината за пукањето сè уште е непозната.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...