fbpx

Пукотница во Копенхаген, четири лица се повредени

-

Четири лица се повредени во престрелка во данскиот главен град Копенхаген. Напаѓачите истрелале меѓу 20 и 40 куршуми во близина на сала во која карикатуристи расправаат за слободата на говорот и за исламот.

Како што јавуваат данските медиуми, тројца од повредените се полицајци, а еден е учесник на собирот.
Се претпоставува дека мета бил карикатуристот Ларс Вилкс, кој го има нацртано пророкот Мухамед како куче и кој е организатор на настанот. Вилкс не е повреден.

Пукањето почнало за време на говорот на францускиот амбасадор, кој на „Твитер“ напиша дека е жив.

Според првичните информации, нападот го извршиле две лица, кои засега се во бегство. Напаѓачите, се претпоставува, користеле автоматско оружје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...