fbpx
Таг: пукање

таг: пукање

Судири на израелско-либанската граница

Израелската армија соопшти дека девет нејзини војници се повредени во нападот на границата со Либан, а Хезболах потврди дека стои зад нападот. Хезболах, исламска воена група со седиште во Либан, соопшти дека нападот го спровела групата која се нарекува Херојски весници Кунајтре, а акцијата е одмазда за израелскиот воздушен напад врз Голанската Висорамнина, извршен на 18 јануари, при кој загинаа...

Крваво деноноќие во Источна Украина

Најмалку 16 лица загинаа, а 114 се ранети во последните 24 часа во нападите на украинските сили на градовите во самопрогласената народна република Луганска. Како што соопштија од луганското министерството за здравство, 13 цивили се убиени во Стаканов, две лица загинаа во Красњи Лич и едно лице во Луганск. Од министерството соопштуваат дека голем е бројот и на ранетите, меѓу...

Приведен малолетник за инцидентот кај „Капитол мол“

Скопската полиција привела малолетник, осомничен дека учестувал во синоќешниот инцидент во населбата Аеродром, и трага по уште едно лице, информираат од СВР Скопје. Според полицијата, инцидентот се случил околу 20 часот, на булеварот Јане Сандански, кога две непознати лица пресретнале тројца малолетници, двајца на 16 и еден на 14-годишна возраст, и почнале да ги бркаат. Шестнаесетгодишниците побегнале во еден правец, додека 14-годишникот...

Франција: Застрелана полицајка пред резиденцијата на Оланд

Лице од возило во движење застрела полицајка пред резиденцијата на францускиот претседател Франсоа Оланд, јавуваат француските медиуми. Автомобилот синоќа се движел во погрешна насока во еднонасочната улица кон Елисејската палата, а потоа возачот ја застрелал полицајката, која веднаш е хоспитализирана. Како што јавуваат локалните медиуми, во автомобилот имало четири лица, кои веднаш по инцидентот го напуштиле местото, но две подоцна се...

Париз: Евакуиран плоштадот Трокадеро по лажна тревога

Трет вооружен инцидент е регистриран во Париз, јавуваат светските медиуми. Засега нема детали за инцидентот, но локалните медиуми јавуваат дека полицијата го евакуира плоштадот Трокадеро, во близина на Ајфеловата кула. Како што јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на извори од француската полиција, станува збор за лажна тревога. Tirs dans le metro ? #trocadero #charliehebdo ? pic.twitter.com/cZJWTS2Blh — Julien Escro (@JulienEspio) January 9, 2015 A Trocadéro,...

Нова престрелка во Париз, повредени двајца полицајци

Двајца полицајци утринава се застрелани во Париз откако вооружен маж во Порт де Шатион отвори оган, обидувајќи да побегне кон метро-станицата. Како што јавуваат француските медиуми, инцидентот се случил околу осум часот утрото, во близина на метро-станицата. Засега не се знае дали престрелката е поврзана со вчерашниот масакр на 12 лица во сатиричниот магазин „Шарли ебдо“, кој го извршија исламски екстремисти. Според првичните...

Застрелани двајца полицајци во Бронкс

Двајца полицајци синоќа се ранети во њујоршкото предградие Бронкс, откако добиле дојава за грабеж. Полицијата трага по најмалку двајца напаѓачи, за кои се верува дека стрелале од возило во движење. Ранетите полицајци се хоспитализирани и се надвор од животна опасност, а полицијата почна истрага за наводниот грабеж.

Напаѓач стрелал кон канцеларија на турскиот претседател

Маж, чиј идентитет не се соопштува, денеска стрелал кон зграда во Истанбул, во која се наоѓа канцеларија на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а потоа фрлил и бомба која не експлодирала, објавија турските медиуми. Напаѓачот бил уапсен на самото место, пред палатат Долмабахче, а засега не се знае дали турскиот претседател бил во својата канцеларија за време на нападот. Турските медиумите известуваат...

Кривична пријава за полицаец кој стрелал во тркало од автомобил

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР поднел кривична пријава против полицаец од Прилеп, осомничен за предизвикување општа опасност, кога при извршување службена должност стрелал во тркало од автомобил, поради што возилото завршило во ендек. Како што информираат од МВР, инцидентот за кој се товари полицаецот се случил на 6 октомври годинава, на патот меѓу селата Црнилишта и Ропотово. Вечерта,...

Се зголемува бројот на загинатите во военото училиште во Пакистан

Бројот на загинатите во напад на талибанци врз воено училиште во пакистанскиот град Пешавар се искачи на 130 лица. Како што јавуваат локалните медиуми, 122 лица се повредени, од кои 25 се во критична состојба. Пакистанските власти соопштуваат дека над 100 од убиените се деца и оти бројот на жртвите веројатно ќе се зголемува. загинати може да се зголеми. Според...

Пукано врз жител на струшко Велешта

Триесет и шестгодишен жител на струшкото село Велешта синоќа бил жртва на обид за убиство, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Ранетиот А.С. бил пренесен во струшката болница, каде биле констатирани повеќе прострелни рани, по што врз него била извршена хируршка интервенција која траела неколку часови. Повредениот во моментов се наоѓа во стабилна состојба. Велештанецот, над кој е извршен нападот,...

Пет лица убиени во престрелка во Пенсилванија

Вооружен маж, кој е осомничен за убиство на пет лица на три различни локации во Монтгомери каунти во Пенсилванија, се забарикадирал себеси во дом во Саудертон. Специјалната полициска единица го опколила домот. Првото пукање е регистрирано во 3.55 наутро во Лоуер Салфорд Тауншип, кој се наоѓа на 45 минути северозападно од Филаделфија. Како што јавуваат локалните медиуми, застрелана жена е најдена...

Избеган затвореник стрелал во полициски специјалци

Триесет и четиригодишниот Р.Ј., кој се барал со потерница поради бегство од затвор, вчераутро во Тетово стрелал во припадници на специјалната полициска единица, кои дошле да го уапсат. Во инцидентот нема настрадани, а по пукањето Р.Ј. успеал да побегне и полицијата презема мерки за негово пронаоѓање. Тој побегнал од штипскиот затвор каде што издржувал казна за убиство. Како што информираат од МВР, инцидентот...

Голема полициска акција во Западна Македонија

Голема полициска акција за апсење членови на поголема криминална група, утрово се спроведува во западниот дел од зејава, потврдуваат за „Мета“ од МВР. Според полицијата, станува збор за група која се занимавала со насилен криминал, а во акцијата се уапсени и неколкумина адвокати и извршител. Во текот на акцијата, еден од осомничените стрелал во припадниците на специјалната полициска единица, но бил совладан и...

Веселејќи се, со пиштол се застрелал во нога

Седумдесет и деветгодишен жител на гостиварското село Горна Бањица, вчера се застрелал во нога, додека со пиштол пукал на семејна веселба во селото. Како што информираат од полицијата, А.А. во текот на веселбата, од пиштол, со калибар 9 милиметри, истрелал осум куршуми во воздух, а потоа мислејќи дека веќе нема куршуми во рамката, го свртел пиштолот кон земја и истрелал куршум...

Пукано кон бензинската пумпа во Чегрене

Непознато лице вчера, од возило во движење, истрелало неколку куршуми во правец на бензинската пумпа „Вардар петрол“ сопственост на Ш.И. (53) од селото Форино, Гостиварско. При инцидентот оштетени биле изложното стакло од продажната просторија, стаклата на фрижидер, рам од алуминиумски излог од пицеријата „Вардар“ и фрижидер за ладење на сокови сместен внатре во пицеријата. Гостиварските полициски служби извршиле увид, при што се пронајдени...

Ранети двајца агенти на ФБИ во Сент Луис

Двајца агенти на ФБИ се ранети во една куќа на северот на округот Сент Луис, но не е познато дали инцидентот е поврзан со расните протести во Фергусон. Агентите биле ангажирани во акција поврзана со лице кое се забарикадирало во една куќа. Агентите се ранети при престрелката, но нивните животи не се во опасност, соопшти веб-страницата на локалниот медиуми „Ки-Си-Ди-Ки“. Од Федералното...

(ВИДЕО) Пукање на Универзитетот „Флорида“, убиен е напаѓачот

Три лица се ранети при пукање во кампус на Државниот универзитет „Флорида“ во Талахаси. Напаѓачот е убиен, откако сттрелал во полицијата, јавува „Си-Ен-Ен“. Според информациите на американската телевизиска куќа, едно рането лице е во критична состојба. - Двајца ранети во пукањето се пренесени во болница. Еден од нив е во критична состојба - соопшти претставникот на болницата во Талахаси, Стефани Дерзиповски. Универзитетот веднаш...

Жестоки борби на аеродромот во Донецк

Силни експлозии и артилериски оган го тресат аеродромот во Донецк, и покрај обидите да се преговара за крај на вооружените судири. Шест украински војници и тројца полицајци загинаа во претходните 24 часа, соопштија властите во Киев. Во близина на стратегиски важниот аеродром, на неколку места се слушнал артилериски оган и силни експлозии во најновите судири на проруските и на владините...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...