Маж, чиј идентитет не се соопштува, денеска стрелал кон зграда во Истанбул, во која се наоѓа канцеларија на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а потоа фрлил и бомба која не експлодирала, објавија турските медиуми.
Напаѓачот бил уапсен на самото место, пред палатат Долмабахче, а засега не се знае дали турскиот претседател бил во својата канцеларија за време на нападот.
Турските медиумите известуваат дека напаѓачот бил вооружен со автоматско оружје и со пиштол и дека првин отворил оган, а потоа ја фрлил рачната бомба која не експлодирала.
Полицијата со контролирана експлозија ја уништила гранатата.
Засега не се познати мотивите за нападот на канцеларијата на Ердоган.