fbpx

Приведен малолетник за инцидентот кај „Капитол мол“

-

Скопската полиција привела малолетник, осомничен дека учестувал во синоќешниот инцидент во населбата Аеродром, и трага по уште едно лице, информираат од СВР Скопје.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 20 часот, на булеварот Јане Сандански, кога две непознати лица пресретнале тројца малолетници, двајца на 16 и еден на 14-годишна возраст, и почнале да ги бркаат.

Шестнаесетгодишниците побегнале во еден правец, додека 14-годишникот се упатил кон Ново Лисиче, каде повторно бил пресретнат и физички нападнат од двете лица. Тој некако успеал да се извлече и да побегне, а двајцата насилници со автомобил заминале кон трговскиот центар „Капитол мол“, каде биле истрелани неколку куршуми.

На 14-годишникот му била укажана лекарска помош во градската општа болница, каде му биле констатирани телесни повреди од ќотекот.

Од скопската полиција информираат дека по преземените мерки бил принајден еден од напаѓачите. Станува збор за А.К. (16), со кој бил извршен разговор во присуство на роднина.

Според неофицијални полициски информации, двете групи се познавале од претходно и инцидентот, најверојатно, се случил поради меѓусебни нерасчистени сметки.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...