fbpx

Разбојникот од банката во Влае осомничен за три кривични дела

-

Скопската полиција до Основното јавно обвинителство поднела пријава за три кривични дела против 43-годишниот А.М., кој вчера попладне ограби експозитура на Стопанска банка во населбата Влае, но, кратко по разбојништвото беше пресретнат и совладан од полицијата.

Како што соопштуваат од МВР, против скопјанецот е поднесена кривична пријава, со која тој се товари за разбојништво, напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали.

Осомничениот, вчера, околу 14 часот, маскиран и вооружен со пиштол, влегол во филијалата на Стопанска банка на улицата Ѓорче Петров и заканувајќи им се на вработените, од зад пултот зел околу 378.000 денари.

Кратко по грабежот, додека бегал со автомобилот, кај надвозникот Влајко, на булеварот Партизански одреди, тој бил пресретнат од екипа на полициската едница „Алфа“, која му дала знак да застане. Во тој момент, осомничениот го вперил пиштолот кон полицајците и истрелал неколку куршуми. „Алфите“ возвратиле на пукањето и истрелале повеќе куршуми кон него. Осомничениот по престрелката завршил со расеченица на главата, најверојатно, како што информираат од МВР, од парчињата стакло од возилото што го управувал.

Тој, веднаш по престрелката, со возило на итната помош, бил пренесен во Ургентниот центар, каде лекарите констатирале телесна повреда.

Во бркотницата со полицијаците, осомничениот А.М., освен возилото на „Алфите“, оштетил уште еден автомобил и автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП).

При претрес на автомобилот со кој се обидел да побегне, полицијата го нашла ранецот со парите од грабежот на банката.

Од МВР информираат дека против А.М. во периодот од 1988 до 2008 година биле поднесени две кривични пријави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...