понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Алфи | 16 резултати

МВР ги разреши актерите од провокацијата кај амбасадата на САД и од случајот „Трезор“

септември 29, 2016

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, разреши 11 раководители во повеќе сектори на МВР. Високи извори од МВР за „Мета“ потврдуваат дека некои од нив се разрешени поради инцидентот со вежбата на „алфите“ во близина на Амбасадата на САД во Скопје и поради истрагата на Специјалното јавно обвинителство „Трезор“. Помеѓу разрешените е и Небојша Стајковиќ, за […]

Вежба на „алфите“ го активирала безбедносниот протокол на Амбасадата на САД во Скопје

септември 29, 2016

На 15 септември, само неколку часа откако СЈО објави дека ги поднесува првите две обвиненија, се огласил алармот во Амбасадата на САД, а на разгласот повеќепати се повторувало „Ова не е вежба“. Причина за сирените е присуството на дваесетина припадници на полициската единица „Алфи“ во близина на амбасадата, што довело до активирање на американските безбедносни […]

Судот го одби барањето на СЈО за суспендирање на „Алфите“ од „Тортура“

јули 15, 2016

Судијата го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство и не им одреди мерки на претпазливост на командантот на полициската едница „Алфа“, Ивица Антевски – Пуки, и на петтемина негови колеги осомничени во случајот „Тортура“, соопштија попладнево од Кривичниот суд. На судот му беа потребни речиси 24 часа да излезе со информација за исходот од распитот […]

„Алфите“ осомничени во „Тортура“ денеска повторно на распит

јули 14, 2016

Командантот на специјалната единица „Алфи“, Ивица Антевски – Пуки и другите припадници на оваа единица што го апсеа лидерот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски, денеска треба да се појават на распит во Основниот суд Скопје 1. Минатата недела се одложи распитот бидејќи шестмината осомничени во случајот „Тортура“ за кои Специјалното јавно обвинителство побара да им […]

Командантот на „Алфи“ на распит во Основниот суд Скопје 1

јули 7, 2016

Командантот на специјалната единица „Алфи“, Ивица Антевски – Пуки, и уште петмина осомничени за нечовечко апсење на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, денеска треба да дојдат на распит во Основниот суд Скопје 1. Случајот „Тортура“ го отвори Специјалното јавно обвинителство, а првоосомничен во овој случај е поранешниот […]

Чавков на чело на „Алфите“ го врати аболираниот Ивица Антески – Пуки

мај 21, 2016

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков веќе го сменил Примислав Димовски од командир на едницата „Алфа“ и на негово место го поставил Ивица Антески – Пуки, еден од 56. лица кои се најдоа на списокот на помилувани од претседателот, Ѓорге Иванов, пишува  „Либертас“ повикувајќи се на свои извори од МВР. Од Министерството за внатрешни работи засега […]

Акција на СЈО во скопско Батиници

март 8, 2016

По налог на Специјалното јавно обвинителство, припадници на посебната полициска единица Алфи, од утрово се во скопско Батинци. Неофицијално се дознава дека се врши претрес во куќа на еден од осомничените во случајот „Титаник“. Засега нема официјални информации од МВР, а од СЈО најавија за подоцна повеќе детали за акцијата. Во текот на денот ќе […]

Разбојникот од банката во Влае осомничен за три кривични дела

октомври 9, 2015

Скопската полиција до Основното јавно обвинителство поднела пријава за три кривични дела против 43-годишниот А.М., кој вчера попладне ограби експозитура на Стопанска банка во населбата Влае, но, кратко по разбојништвото беше пресретнат и совладан од полицијата. Како што соопштуваат од МВР, против скопјанецот е поднесена кривична пријава, со која тој се товари за разбојништво, напад […]

Полициските „алфи“ за еден месец привеле 175 лица

јули 5, 2015

Во текот на минатиот месец припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција – „Алфа“, при вршење на редовна мотопатролна дејност, вкупно извршиле легитимирање на 926 лица, преглед на 242 патнички моторни возила и на 60 лица, а врз различни основи биле приведени вкупно 175 лица. Врз основа на телеграма, соопшти денеска МВР, приведени се 32 лица, […]

Алфите изминатиот месец уапсиле 221 лице

април 5, 2015

Во текот на минатиот месец, припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфа“ извршиле легитимирање на 1.428 лица, прегледале 18 автомобили, а по разни основи биле приведени вкупно 221 лице, информираат од МВР. По основа на телеграма биле приведени 38 лица, поради потраги, гласник, наредба од основен суд – пет лица, под сомнение за […]

Минатиот месец „алфите“ привеле 265 лица

февруари 8, 2015

Во текот на минатиот месец, припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфа“, при вршење редовна мотопатролна дејност, вкупно извршиле легитимирање на 1.220 лица,  преглед на 276 луѓе, а на различни основи биле приведени вкупно 265 лица. Според МВР, припадниците на единицата „Алфа“ на основа на телеграма привеле 32 лица, поради потраги, гласник или наредба од основен суд – 11 лица, […]

Припадник на единицата „Алфа“ си ја претепал сопругата

ноември 30, 2014

Минатата недела, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 16 решенија против 16 вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето. Притоа, на 11 вработени им е изречена парична казна, за двајца вработени постапката е запрена, а тројца вработени добија писмено предупредување“. Тие се казнети за седење во службеното возило, патролирање со приватно возило, неевидентирање на странци при влез […]

Страна 1 од 1