fbpx

Вежба на „алфите“ го активирала безбедносниот протокол на Амбасадата на САД во Скопје

-

На 15 септември, само неколку часа откако СЈО објави дека ги поднесува првите две обвиненија, се огласил алармот во Амбасадата на САД, а на разгласот повеќепати се повторувало „Ова не е вежба“.

Причина за сирените е присуството на дваесетина припадници на полициската единица „Алфи“ во близина на амбасадата, што довело до активирање на американските безбедносни протоколи и до инструкции за вработените да се тргнат од прозорците и да се засолнат, пишува „Призма“.

Целата драма, која се одвивала околу 16 часот, траела дваесетина минути, поради, како што се покажало, ненајавена вежба на полициската единица „Алфи“, чии припадници симулирале реакција во случај на терористички напад на амбасадата на САД, без за тоа да ја известат амбасадата.

Вежбата на полициската единица за прв одговор и интервенции „Алфи“ била изведена по наредба на началникот Ивица Анчевски-Пуки. Тој побарал сите тимови во Скопје, со комплетна опрема, да се упатат пред амбасадата за да се процени колку време им е потребно во случај на терористички напад.

Меѓутоа, Амбасадата на САД за таква вежба не била однапред информирана, што е редовна процедура во таков случај.

Следниот ден бил одржан состанок помеѓу претставници на МВР и на амбасадата, на кој бил констатиран и признаен пропуст од македонските безбедносни сили. Пуки, началникот на „алфите“, за „пропустот“ заработил опомена од Ивица Вучевски, началник на СВР Скопје и негов непосреден претпоставен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОЛАФ бара Македонија да врати 22 милиони евра за проекти од 2016 до 2018 година

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Северна Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот од 2016 до 2018 година. Во 2019 година...