fbpx

Албански државјанин и жител на Радолишта осомничени за обид за убиство

-

Струшката полиција поднела кривична пријава против албанскиот државјанин Г.Б. (22) и Д.З. (39) од селото Радолишта, кои се осомничени дека на средината од декември минатата година со неколку истрели од огнено оружје се обиделе да го убијат А.С. (36) од селото Велешта.

Според полицијата, осомничените на 16 декември, околу полноќ, со возило, марка „ровер“, што го управувал Д.З., пристигнале пред домот на А.С. на локалниот пат Велешта – Октиси, по што првоосомнчениот Г.Б. истрелал неколку куршуми, кои завршиле во грбот, стомакот и во екстремитетите на велештанецот.

Повредениот А.С. итно бил пренесен во општата болница во Струга, а на местото на настанот бил извршен криминалистичко-технички увид, каде полициските екипи пронашле осум чаури, калибар 7,65 милиметри, еден проектил и еден дел од проектил.

Според пријавата, албанскиот државјанин и Д.З. се товарат за обид за убиство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...