fbpx

Убиен напаѓачот во колеџот во Орегон

-

Вооружениот напаѓач, кој синоќа во колеџ во северозападниот дел на Орегон отвори оган и усмрти девет и рани седум лица, е убиен во престрелката со полицијата, соопштија американските власти, по првите противречни извештаи за бројот на жртвите.

Првичните информации говореа за 13 убиени и за 20 ранети.

Нападот се случи во колеџот „Ампукуа“, во местото Роузбург, кое се наоѓа на околу 300 километри од Портланд. Американските медиуми, повикувајќи се на очевидци, јавуваат дека Aфроамериканецот Мерсер упаднал во колеџот пукајќи и прашувајќи ги студентите на која религија ѝ припаѓаат, а потоа ги застрелал сите што се изјасниле како христијани.

Шерифот на округот, Џон Ханлин, изјави дека 26-годишниот напаѓач, кого медиумите го идентификуваа како Крис Харпер Мерсер, е убиен во размена на оган со полицијата. Сепак, шерифот на откри дали полицијата го убила или се самоубил.

Факултетот има околу 3.000 студенти.

https://www.youtube.com/watch?v=RSOMZm9fRlI

Еден фотограф соопшти дека забележал како во возила на брза помош ставале лица, кои потоа биле носени во најблиската болница. Полицијата во округот Даглас потврди дека пукањето почнало во 10.30 часот по локално време (19.30 според централноевропско време), но не го наведе бројот на настраданите.

Белата куќа соопшти дека претседателот Барак Обама е известен за нападот и оти добива редовни извештаи за развојот на настаните.

Обама, во меѓувреме соопшти дека е лут и тажен поради пукањето во колеџ во Орегон и уште еднаш повика на носење закон за контрола на оружјето.

– Некако ова стана рутина. Ние всушност можеме нешто да направиме по тоа прашање, но мораме да ги смениме законите Не би требало толку лесно да може оружјето да се најде во рацете на оној кој сака да им нанесе зло на луѓето, изјави Обама.

Истовремено, најмалку три лица се убиени во престрелка во југоисточната американска држава Флорида меѓу полицијата и криминалец, јавуваат американските медиуми.

Меѓу загинатите е и напаѓачот е меѓу загинатите. Засега се се откриваат повеќе детали. Престрелката доаѓа неколку часови по нападот во колеџот во Орегон.

https://www.youtube.com/watch?v=qBYFcugK8VI

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...