fbpx
Таг: пукање

таг: пукање

Две лица убиени во пукотница во Анкара

Непознат напаѓач убил полицаец и еден граѓанин во пукање во центарот на Анкара, објави турскиот весник „Џумхуријет“. Деталите од нападот засега не се познати. Во бомбашкиот напад во неделата, во Анкара загинаа 37 лица, а ранети се 125 лица. Одговорноста за нападот ја презедоа Соколи за слобода на Курдистан.

Пукање во Париз – едно лице убиено

Едно лице загина во пукање кое се случи во ресторан во центарот во Париз. Инцидентот избил на Булевар де ла Бастиља, дел од градот кој беше мета на терористи на Исламска држава, кои во координирани напади во Париз убија 130 лица. Полицијата уапсила едно лице, а двајца сè уште се во бегство по пукањето пред парискиот ресторан „Чез папа“, пренесува британскиот...

Најмалку 12 лица загинале во вооружен напад во Хонудрас

Најмалку 12 лица загинале, а тројца се ранети кога вооружен напаѓач пукал во сала за билијард во претстолнината на Хондурас, Тегусигалпа. Портпаролот на полицијата, Едгардо Барахона, изјавил дека најмалку тројца од петмина напаѓачи носеле полициски униформи и панцири и истакнал дека жртви на нападот се лица на возраст од 19 до 30 години. Никој не бил уапсен, а полицијата наведува дека...

Наставник вчера пријавил пукотници во близина на училиште во Липково

Наставник во основното училиште „Исмет Јашари“ во кумановското село Липково вчера попладне, околу 14.45 часот, пријавил дека слушнал пукотници и нашол куршум пред влезот на спортската сала на училиштето, информираат од МВР. Според полицијата, наставникот С.А. (45) од Липково на полициските службеници што дошле на местото им рекол дека додека имал час, околу 14.30 часот, слушнал неколку истрели. Тој излегол надвор...

Четворица убиени во престрелка во Канзас

Четири лица загинаа, вклучувајќи го и вооружениот маж што ја предизвика престрелката во градот Хестон, во американската држава Канзас, соопшти полицијата. Загинатите биле вработени во „Ексел индастриз“, фабрика во градот Хестон, во државата Канзас. Во нападите се повредени 14 лица, а полицијата го застрелала осомничениот кој, исто така, бил вработен во фабриката.

Сеул со предупредувачки истрели кон севернокорејски брод

Јужнокорејската морнарица испукала предупредувачки истрели кон севернокорејски патролен чамец на поморската граница меѓу двете земји, еден ден откако Пјонгјанг соопшти дека лансирал набљудувачки сателит со помош на ракета со долг дострел. Министерството за одбрана на Јужна Кореја соопшти дека севернокорејскиот брод влегол во нејзините територии на Жолто Море. - Бродот се повлекол набргу по предупредувањето – додаде министерството. Јужна и Северна Кореја...

Едно лице загина при пукање во хотел во Даблин

Најмалку едно лице загинало, додека друго добило тешки телесни повреди при пукање што се случило во хотелот „Риџенси“ во Даблин, пренесуваат локалните медиуми. Тројца мажи упаднале во фоајето на хотелот, облечени во униформи кои наликувале на полициски. Според очевидците, луѓето почнале да пукаат од „калашникови“, поради што десетина лица избегале, а меѓу нив имало и повредени, пренесува „Раша тудеј“. Амбулантни и противпожарни возила...

Скопското обвинителство поднесе обвинение за пукањето во хирургот во Клинички центар

Скопското основно јавно обвинителство поднело обвинителен акт против осомничениот кој пукаше и го рани абдоменалниот хирург Љубомир Огненовиќ на клиниката за дигестивна хирургија во ноември минатата година, соопшти Јавното обвинителство. Според обвинителството, тој се товари за обид за убиство и за неовластено изработување, држење и посредување и тргување со оружје и со распрскувачки материи. Против неговиот брат, кој учествуваше во инцидентот,...

Мексико: На роденденска забава, убиени 11 лица

Најмалку 11 лица се убиени на роденденска забава на една 15-годишна девојка во мексиканската држава Гереро, соопштија официјални претставници. Гувернерот на Гереро, Ектор Астудиљо Флорес, рече дека насилството се случило на забава во местото Кундансито, на западот на државата. По пукањето, полицијата се обидела да интервенира, но и врз неа бил отворен оган. Астудиљо Флорес рече дека детали од целиот случај...

Пукање во центар за бегалци во Германија

Непознато лице истрелало повеќе куршуми кон центарот за азиланти во Офенбах, на западот на Германија, при што еден жител на центарот е полесно повреден, соопшти германската полиција. Во соопштението се наведува дека засега не се знае кој е одговорен за инцидентот, кој се случил рано утринава, ниту, пак, кој бил мотивот за нападот. Полицијата наведува дека рано утринава, околу 2.30 часот се...

Двајца загинати и осуммина повредени при престрелка во центарот на Москва

Најмалку две лица починале, а осум се повредени во престрелка во центарот на Москва, пренесуваат руските медиуми. Агенцијата „Интерфакс“ јавува дека престрелката се случила синоќа, околу 22 часот, на улица во центарот на Москва, во близината на Кремљ. Руската телевизија „Лајф њуз“ прикажала снимка од безбедносни камери, на која се гледаат две групи од околу 15 мажи кои стрелаат едни кон други од огнено оружје.  

Пукање во центарот на Софија, три лица ранети

Три лица се ранети кога непознати лица отвориле оган во близина на трговски центар во Софија, соопшти бугарското министерство за внатрешни работи. Околу 18 часот по локално време, полицијата добила телефонски повик за пукање, по што дошла на местото на настанот и го блокирала просторот. Тројцата ранети со возило на итна помош биле пренесени во една од софиските болници, а истрагата е...

САД: Убиени 20 лица при пукање во Калифорнија

Засега непознат број лица убиле 20 луѓе во близина на голф-терен во градот Сан Бернандино во Калифорнија, објави „Би-Би-Си“. Полицијата ги предупреди граѓаните да го избегнуваат овој дел од градот. Пожарникарската служба на Сан Бернандино на „Твитер“ сподели информација дека нејзините единици реагирале за инцидент во кој има 20 жртви и дека се работи на расчистување на случајот. https://twitter.com/SBCityFire/status/672131690978906112 Портпаролката на полицијата во Сан...

Тројца убиени во вооружен напад во болница во САД

Двајца цивили и еден полицаец се убиени кога вооружено лице отворило оган во клиника за планирање на семејство во градот Колорадо Спрингс во Соединетите Американски Држави, јавуваат светските медиуми. Според информациите, уште девет лица биле повредени во престрелката која траела пет часа пред напаѓачот да ѝ се предаде на полицијата. Поголем број луѓе, како што јавуваат медиумите, биле заробени во зградата...

Маж отвори оган во болница во Флорида

Болница во американскиот град Тампа, на Флорида, е затворена откако маж отворил оган во објактот. Телевизијата „Фокс 13“ јавува дека напаѓачот се самоубил откако застрелал еден од вработените во болницата. Повреденото медицински лице добило прострелна рана, но лекарите веднаш интервенирале. Засега не се знаат причините за нападот ниту, пак, има прецизни официјални информации за тоа дали се повредени и други лица.

Двајца браќа осомничени за пукањето во хирургот во Клинички центар

Секторот за внатрешни работи Скопје поднел кривична пријава против И.Н. (34) и против неговиот брат А.К.Н. (36) за вчерашниот вооружен инцидент во клиничкиот центар, во кој беше ранет абдоминалниот хирург Љубомир Огненовиќ. Според МВР, И.Н. се товари за обид за убиство и за недозволено држење оружје или распрскувачки материи, а неговиот брат А.К.Н., според кривичната пријава, е осомничен за соизвршителство, насилство...

Ургентниот центар и денеска под засилено полициско обезбедување

Дваесет и четири часа по вооружениот инцидент во Клиничкиот центар во Скопје, во кој беше ранет абдоминалниот хирург Љубомир Огненовиќ, во Ургентниот центар забележливо е зголемено обезбедување. На двата влеза на хируршката клиника има лица од обезбедувањето на болницата, кои го контролираат влегувањето и излегувањето на пациентите и на нивните роднини. Исто така, засилено обезбедување има и во ходникот, во делот за посетители, кое...

Лекарската комора го осуди инцидентот во Клинички центар

Лекарската комора го осуди инцидентот при кој од огнено оружје беше повреден еден лекар од Одделението за дигестивна хирургија на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Директорот на Лекарската комора, Кочо Чакаларовски, рече дека комората интензиво работи на подготвување нови закони со кои докторот би бил заштитен на работно место. - Доколку се докаже дека јас сум виновен што докторите се напаѓани...

Вооружен инцидент во Клиничкиот центар во Скопје

Утрово во Клиничкиот центар во Скопје се случил вооружен инцидент. Според неофицијални информации, во инцидентот имало повредени лица, односно бил ранет лекар од абдоминална хирургија, а во него, наводно, стрелал незадоволен пациент. Полицијата привела две лица, но од МВР нема потврда на информацијата. Влезот во болницата бил забранет и имало зголемено присуство на полицијата и на специјалните сили. Од Секторот за внатрешни работи Скопје...

Во Бразил спасени повеќе од 500 луѓе при пукање на брана

Пожарникарските екипи успеале да спасат 500 преживеани луѓе по пукање на брана на југоистокот на Бразил, каде загинаа 17 лица. Пожарникарите деноноќно беа во потрага по преживеаните кои биле затрупани под кал и земја, откако во четвртокот пукнала браната. Одронот на земјата што се случил по пукањето на браната го затрупал селото Бенто Родригес со околу 600 жители, во регионот Минас...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...