fbpx

Наставник вчера пријавил пукотници во близина на училиште во Липково

-

Наставник во основното училиште „Исмет Јашари“ во кумановското село Липково вчера попладне, околу 14.45 часот, пријавил дека слушнал пукотници и нашол куршум пред влезот на спортската сала на училиштето, информираат од МВР.

Според полицијата, наставникот С.А. (45) од Липково на полициските службеници што дошле на местото им рекол дека додека имал час, околу 14.30 часот, слушнал неколку истрели. Тој излегол надвор и во дворот, непосредно пред влезот од спортската сала, го забележал проектилот.

Засега нема информации за видот на оружјето од кое е пукано, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...