fbpx
Таг: пукање

таг: пукање

Тројци убиени во пукање во Англија

Најмалку три лица се убиени во пукање пред базен во градот Сполдинг, во централниот дел на Англија, пренесуваат британските медиуми. Засега нема наводи дека станува збор за терористички напад. Како што пишува весникот „Мирор“, се претпоставува дека една од жртвите е и напаѓачот. На местото, бргу по инцидентот, пристигнале брзата помош и полициски возила и хеликоптер. „Во моментов се наоѓаме на местото на...

Уапсен маж кој пукал кај судот во Анкара

Анкарската полиција уапси маж кој во близина на зградата на судот, каде се спроведува сослушувањето на приведените генерали за пучот, отворил оган, јавуваат турските медиуми. Интервенцијата ја спровеле припадниците на специјалните единици со помош на оклопни возила. Според информациите на локалните медиуми, напаѓачот носел воена униформа и веќе е почната потрага и по евентуални негови соучесници.

Двајца убиени при престрелка во казахстанскиот град Алмати

Двајца полицајци се убиени, а неколкумина се повредени утринава откако маж отвори оган пред централата на полицијата во градот Алмати, соопшти казахстанското Министерството за внатрешни работи на Казахстан. Амбулантни возила веднаш пристигнале на местото на пукањето, а властите го повикаа локалното население да не ги напушта домовите. - Престрелката почна пред зоната на полициската управа во Алмати, по што вооруженото лице...

Пукање во Луизијана, убиени тројца полицајци

Американските власти потврдија дека се убиени тројца полицајци при пукање во Батон Руж во Лузијана, а четворица се ранети. Еден од напаѓачите е убиен во акција на полицијата, а се верува дека двајца се во бегство. Градоначалникот Кип Холден наведе дека властите се обидуваат да утврдат за каква ситуација станува збор. https://twitter.com/Breaking911/status/754706533326397441 Портпаролот на полицијата, Дон Копола, за телевизијата „Еј-би-си“ изјави дека...

Уапсени пет лица кои пукале врз полицијата во Вашингтон

Пет лица се уапсени во Вашингтон, откако отвориле оган врз припадници на полицијата. Засега нема информации за повредени. Портпаролот на полиција, Дастин Стернбек, соопшти дека полицијата реагирала на пукањето во југоисточниот дел од градот. Напаѓачите отвориле оган врз полицијата во моментот кога таа пристигнала на местото со обележани возила. Безбедносните сили возвратиле, по што напаѓачите, се забарикадирале во автомобилот и...

Пукање и заложничка драма во Штутгарт

Извештаи за неидентификувано вооружено лице предизвикаа голема полициска операција во германскиот град Штутгарт, јавуваат локалните медиуми, додавајќи дека е можно да има заложничка ситуација. Интернет-изданието на весникот „Билд“, повикувајќи се на полициски извори, јавува дека вооружено лице упаднало во зграда во источниот дел на Штутгарт, во која наводно се сместени адвокатски компании. Жена која живее во соседна куќа тврди дека видела...

Обама го прекинува престојот во Европа за да го посети Далас

Американскиот претседател Барак Обама ќе го прекине својот престој во Европа за да го посети Далас, каде што пет полицајци беа убиени од снајперисти за време на демонстрациите на црнечката заедница против полициската бруталност. Од Белата куќа соопштија дека откако ќе заврши НАТО-самитот во Варшава, Обама требало да отпатува во Шпанија, но ќе ги прекине планираните активности за да допатува...

Пет лица се убиени и 22 се ранети при пукање во кафуле во Србија

Пет лица се убиени, а 22 се ранети синоќа во Житиште кај Зрењанин, кога З.С. (38) влегол во кафуле и пукал на гостите со автоматско оружје. Убиецот најпрво ги убил својата сопруга и уште едно жена и продолжил да пука на луѓето кои во тој момент се наоѓале во кафулето, информира министерство за внатершни работи на Србија. Другите три жртви им...

Пукање во воената база Ендрјус во САД

Базата Ендрјус на военото воздухопловство на САД, во сојузната држава Мериленд, денеска била запечатена поради извештаи за вооружено лице кое отворило оган во базата, јавуваат светските медиуми. Портпаролот на базата, капетанот Дерек Вајт, за „Би-би-си“ изјавил дека вооружено лице се наоѓало во болницата „Малком Гроу“, во базата. Базата Ендрјус, инаку, е седиште на претседателскиот авион „Ер форс уан“ (Air Force One). https://twitter.com/JBA_NAFW/status/748515844850913280 Инцидентот...

Момче пукало во бегалски камп во Германија, повредени две лица

Германската полиција соопшти дека 21-годишно момче пукало од воздушна пушка кон бегалски камп во Западна Германија и притоа повредило две лица. Полесно се повредени петгодишно девојче и 18-годишно момче. Напаѓачот пукал од прозорот на својот стан, кој се наоѓа на третиот кат на зграда оддалечена 40 метри од бегалскиот центар, се наведува во полициското соопштение. Полицајците го пребарале станот на напаѓачот и пронашле...

Петмина и понатаму во критична состојба по масакрот во Орландо

Пет лица кои беа ранети во нападот на хомосексуалниот клуб во Орландо и понатаму се во тешка состојба. Во болница сè уште се 29 лица, а бројот на пациентите што се во критична состојба останува ист. Шест операции се закажани за денеска. Претходно претседателот на САД, Барак Обама, изјави дека засега нема докази дека напаѓачот кој е идентификуван како Омар Матин за нападот...

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Орландо

Исламска држава ја презеде одговорноста за пукањето во Орландо, во кое беа убиени најмалку 50, а ранети 53 лица. Масакрот го извел Американец со авганистанско потекло, Омар Матен, кој бил убиен од полицијата на местото на настанот. „Вооружениот напад на ноќниот клуб за хомосексуалци во градот Орландо, во американската држава Флорида, кој остави повеќе од 100 мртви и ранети, го изведе...

Билансот на жртвите при нападот во клуб во Орландо достигна 50 лица

Најмалку 50 лица се убиени, а 53 се ранети во пукањата што се случија во клуб за хомосексуалци во Орландо, а помеѓу повредените е и еден полицаец. Напаѓачот е идентификуван како 27-годишниот Омар Матен, а полицијата проверува дали е поврзан со некоја екстремистичка организација. Матен живеел во место 150 километри оддалечено од Орландо. Според првичните информации, неговите родители се со потекло од Авганистан. Тој во...

Пукање во Вашингтон, повредени четири лица

Најмалку четири лица се повредени во близина на Капитол во Вашингтон, каде непознат маж отворил оган. Пукањата се случиле северно од станицата Јунион и околу еден километар северно од Капитол. На местото пристигнале повеќе амбулантни возила, кои ги однеле во болница тројцата ранети со прострелни рани и еден полицаец на велосипед, кој бил удрен од автомобил на местото на настанот.

Професор бил целта на пукањето на Универзитетот „Калифорнија“

Американските власти соопштија дека во престрелката во кампусот на Универзитетот „Калифорнија“ во Лос Анџелес (УКЛА) загинал професорот Вилијам Клаг. Професорот по механички инженеринг е убиен во својата канцеларија, наведува неименуван извор близок до истрагата. Засега не е идентификуван убиецот, кој по нападот на професорот извршил самоубиство. Колегите на убиениот професор велат дека тој имал две деца и дека бил пријатен човек. Трагедијата се случи вчера попладне....

Пукање на концерт во Њујорк – еден загинат и тројца повредени

Едно лице загина, а три се повредени при пукање во њујоршката сала „Ирвинг Плаза“ во која раперот Ти Ај требаше да одржи концерт. Њујоршката полиција соопшти дека 34-годишен маж бил прострелна во градите, а 33-годишен маж бил прострелан во стомакот, но не прецизира кој од нив е напаѓач, а кој е жртва. Истовремено, 26-годишна жена се здобила со прострелна рана...

Пукање на концерт во Австрија, две лица убиени и 11 ранети

Две лица се убиени, а 11 биле ранети, кога вооружен маж синоќа отворил оган за време на концерт во близина на градот Ненсинг во Австрија, а потоа се самоубиство, јавуваат австриските медиуми. Полицијата соопштила дека напаѓачот претходно се расправал со жена на паркинг, а потоа зел оружје од својот автомобил и отиштол на концертот каде почнал да пука на групата...

Престрелка во Египет – убиени двајца полицајци и тројца припадници на ИД

Во престрелка во северниот дел на Синајскиот Полуостров убиени се двајца египетски полицајци и тројца припадници на Исламска држава, соопштија египетските власти. Престрелката се случила синоќа, кога група терористи отвориле оган врз контролен пункт на египетските сили за безбедност. Египет е честа мета на напади откако во јули 2013 година армијата го собори од власт претседателот Мохамед Морси, лидер на исламското...

Функционер на СДСМ од Битола, погоден со куршум во нога

Денеска попладне со куршум во ногата е повреден Борче Петковски, висок функционер на СДСМ од Битола и поранешен пратеник. Настанот се случил во битолската населба Карпош, додека членот на опозициската партија седел и разговарал со свои пријатели на тротоар. Куршумот, како што дознаваме, завршил во неговата натколеница, по што тој бил хоспитализиран, но е надвор од животна опасност. Засега не се знае...

Пукање во Капиштец, нема повредени

Попладнево, околу 13.20 часот, жители на улицата Народен фронт во населбата Капиштец пријавиле пукање од огнено оружје, потврдија за „Мета“ од СВР Скопје. Полициските екипи што излегле на терен, констатирале дека во пукањето било оштетено комби. Оттаму информираат дека во случајот нема повредени лица, а во тек е истрагата која треба да утврди кој, од каде и зошто пукал. Дел од медиумите...