fbpx

Професор бил целта на пукањето на Универзитетот „Калифорнија“

-

Американските власти соопштија дека во престрелката во кампусот на Универзитетот „Калифорнија“ во Лос Анџелес (УКЛА) загинал професорот Вилијам Клаг.

Професорот по механички инженеринг е убиен во својата канцеларија, наведува неименуван извор близок до истрагата.

Засега не е идентификуван убиецот, кој по нападот на професорот извршил самоубиство.
Колегите на убиениот професор велат дека тој имал две деца и дека бил пријатен човек.

Трагедијата се случи вчера попладне. Целиот кварт околу кампусот бил блокиран, а студентите останале затворени во своите соби со оглед на тоа дека во сличен инцидент пред две години загинаа шест лица.

Како што наведува студентот Џереми Пескард, кој ги преживеал пукотниците што се случија во 2014 година, инцидентите од ваков вид се вообичаена појава и луѓето на нив гледаат како на „нормална закана“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...