fbpx

Уапсени пет лица кои пукале врз полицијата во Вашингтон

-

Пет лица се уапсени во Вашингтон, откако отвориле оган врз припадници на полицијата. Засега нема информации за повредени.

Портпаролот на полиција, Дастин Стернбек, соопшти дека полицијата реагирала на пукањето во југоисточниот дел од градот. Напаѓачите отвориле оган врз полицијата во моментот кога таа пристигнала на местото со обележани возила. Безбедносните сили возвратиле, по што напаѓачите, се забарикадирале во автомобилот и одбивале да излезат. Половина час подоцна напаѓачите ѝ се предале на полицијата.

Сè уште не се знае која е причината поради која отвориле оган врз полицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полуматуранти од Подгорица славеле со факели, па го запалиле кровот на училиштето

Полуматуранти од основното училиште „Владо Милиќ“ во Подгорица го запалија училишниот покрив за време на церемонијата која ја имале со палење факели, по повод завршувањето на школувањето, пренесе „Н1“. Директорката...