Утре (02.06.2024) од 11.00 до 12.00 часот, поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска трка, како и трка на родители со бебешки колички, насловена како „Вози право, вози здраво“, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците каде ќе се движат учесниците“, информира СВР Скопје.
„Стартната позиција на трката е од Порта „Македонија, десно вдолж ул.„Димитрие Чупоски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до крстосницата со ул.„Наум Наумовски Борче“– Градски парк, кај споменикот на Гоце Делчев. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот“, известуваат од СВР Скопје.
