fbpx

Момче пукало во бегалски камп во Германија, повредени две лица

-

Германската полиција соопшти дека 21-годишно момче пукало од воздушна пушка кон бегалски камп во Западна Германија и притоа повредило две лица.

Полесно се повредени петгодишно девојче и 18-годишно момче.

Напаѓачот пукал од прозорот на својот стан, кој се наоѓа на третиот кат на зграда оддалечена 40 метри од бегалскиот центар, се наведува во полициското соопштение.

Полицајците го пребарале станот на напаѓачот и пронашле воздушна пушка и муниција. Тој не е приведен затоа што, како што наведе полицијата, „немало основа за негово апсење“.
– Не е познато дали нападот бил политички мотивиран – изјави портпаролот на полицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.