Петмина и понатаму во критична состојба по масакрот во Орландо

Пет лица кои беа ранети во нападот на хомосексуалниот клуб во Орландо и понатаму се во тешка состојба.

Во болница сè уште се 29 лица, а бројот на пациентите што се во критична состојба останува ист.

Шест операции се закажани за денеска.

Претходно претседателот на САД, Барак Обама, изјави дека засега нема докази дека напаѓачот кој е идентификуван како Омар Матин за нападот е насочуван од странство, како и дека со идеологија бил „заразен“ на интернет.

– Во оваа фаза од истрагата немаме јасни докази дека нападот е насочуван од надвор. Сепак, точно е дека во последните минути се заколнал на верност на Исламска држава – рече Обама.

Претседателот на САД истакна дека се истражуваат сите мотиви и можности за пукањето.