fbpx

Тројци убиени во пукање во Англија

-

Најмалку три лица се убиени во пукање пред базен во градот Сполдинг, во централниот дел на Англија, пренесуваат британските медиуми. Засега нема наводи дека станува збор за терористички напад.

Како што пишува весникот „Мирор“, се претпоставува дека една од жртвите е и напаѓачот.

На местото, бргу по инцидентот, пристигнале брзата помош и полициски возила и хеликоптер.

„Во моментов се наоѓаме на местото на инцидентот, во близина на базенот на улицата Пинчбек во Сполдинг, откако во девет часот беше дојавено дека едно лице е повредено при пукотница“, рече портпаролот на полицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...