fbpx
Таг: Охрид

таг: Охрид

Се откажуваат резервациите во Охрид

Хотелиерите од Охрид, стравуваат дека дел од најавените гости, можеби ќе се поколебаат да тргнат на пат за новогодишен дочек, по целокупната ситуација по патиштата завеани и заковани во снег и во студ. Сепак, некои од угостителите, сопственици на ресторани, кафулиња и ноќни клубови, се пожалија дека дел резервации им се откажани и тоа не само од подалечни земји, туку...

Охрид окован во снег и во студ

Само еден ден пред новогодишната прослава, за која во Охрид на продолжен празничен викенд беа најавени илјадници гости, утрово градот осамна окован во снег и во студ, со температрура од -10 Целзиусови степени. Улиците во најголемиот дел од градот се зачистени, некаде за една, некаде за две колони за движење на возила, но малку се очистени тротоарите, кои се лизгави и опасни...

Прекината наставата во општините Охрид, Струга и Дебарца, сите планински села отсечени

Поради прекинот со електрично напојување, утринава не се одржа настава во првите смени во сите училишта во Охрид, Струга и во општина Дебарца. Поради високите снежни намети, сите села од Дебрца се практично отсечени. Неизвесно е дали настава ќе има и во втората смена во Охрид, додека во Дебарца и во Струга и официјално ќе нема настава и во...

Охрид и Струга добија струја

Од МЕПСО информираа дека снабдувањето со електрична енергија во охридско-струшкиот регион е нормализирана. Дефект имаше на два далноводи на МЕПСО од Ресен кон Охрид и од Вруток кон Шпилје, електричната енергија во целиот град беше во прекин синоќа пет часа, а денеска струја немаше од 7 часот и 30 минути до 9 часот и 20 минути.

Патот Кичево – Охрид непрооден

Поради снежите наноси, сообраќајот на сите патишта во Македонија се одвива отежнато и во зимски услови. Во прекин за сите возила е сообраќајот на патниот правец Кичево  -Охрид преку планинскиот премин Пресека, а на патните правци Скопје - Велес и Велес - Катланово е отежнат и забавен во долга колона. Поради големи остатоци од снег, забрана за тешки товарни возила...

Разбојник нападнал жена и ѝ ја одзел чантата

Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против А.Р. (25) од Охрид, поради постоење основан сомнеж дека сторил разбојништво. Пријавениот, на 19 декември, физички нападнал жителка на Охрид, по што се обидел да пребарува по нејзината чанта и по облеката. Настанот се случил околу 16 часот, на пресекот на улиците Димитар Влахов и Кузман Јосифоски во Охрид. Пријавениот ја пречекал оштетената која поминувала...

Божикна навалица на јужните соседи во Охрид и во Струга

Убавото, сончево време и католички Божик, во крајезерските Охрид и Струга донесоа поголеми групи гости од соседството. Најмногу од Грција, но ги имаше и од Албанија. Репортерот на новинската агенција „Мета“, нивното присуство го регистрираше по шеталишето на езерскиот кеј, градското пристаниште, старата чаршија и во продавниците, како и по терасите на рестораните и на кафулињата. Пред хотелските објекти и...

„Привремен“ охриѓанец „специјализирал“ грабеж на златни предмети

СВР Охрид поднесе две кривична пријава против 24. годишниот Б.И, со привремено живеалиште во Охрид, за кого постои основано сомневање дека сторил девет тешки кражби и една кражба. Пријавениот, кривичните дела ги извршил во првата половина на овој месец, со насилно кршење на вратите и на прозорците од куќи и од станови во Охрид. На тој начин влегол во две куќи...

Охрид: Десетина милиони денари – стимул на локалниот економски развој

Општина Охрид, за наредната година, ќе издвои десетина милиони денари за стимулирање на локалниот економски развој. Во согласност со нацрт-програмата за развој за 2015 година, дел од овие средства – околу три милиони денари, Општината планира да ги обезбеди од буџетот, а поголемиот дел од собрани приходи по други основи. За да се засили локалниот економски равој и да се зголеми конкурентноста на...

Болницата „Свети Еразмо“ од Охрид, во чекор со светската технологија

Министерството за здравство ја привршува постапката за набавка на современ апарат за компјутерска томографија што ќе биде инсталиран во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ од Охрид, информираше директорот д-р Митко Тилевски. Според најавите, апаратот треба да биде ставен во функција во март или април идната година, додека во болницата велат дека се подготвени во секој момент да почнат...

„Полицијата и јавноста“ – книга на полицискиот портпарол Стефан Димоски

В сабота напладне, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, пред јавноста ќе биде претставена книгата „Полицијата и јавноста“ на м-р Стефан Димоски, новинар, актуелен портпарол на СВР од Охрид. Промотори на авторскиот труд на Димоски ќе бидат Томе Груевски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, и Стефан Буџакоски, професор на првиот приватен универзитет ФОН. Стефан Димоски, пред да ја...

Охрид почна со новогодишни прослави

Македонската туристичка метропола, Охрид, од вчеравечер почна со еднонеделната предновогодишна програма, во организација на локалната самоуправа. Први настапија учесниците од детскиот фестивал „Распеано рибарче“, додека манифестациите се организираат, главно, на плоштадот Св. Климент Охридски. Веќе настапија и учениците од основните училишта „Григор Прличев “ и „Св. Наум Охридски “ од Пештани, а до утревечер ќе бидат вклучени и учениците од сите...

Отворена постојаната поставка „Златото на Лихнитида“ во Охрид

Денеска во Охрид, со прогодна свеченост, отворена е постојаната поставка „Златото на Лихнитида“, или како што во јавноста претходно беше најавена, „Златната одаја“. Сместена е во една преуредена просторија на најрепрезантативниот примерок на староградската охридска архитектура – Куќата на Робевци. На свеченоста, говореа министерката за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа-Милевска, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и директорката на Заводот...

Денеска во Охрид се отвора поставката „Златото на Лихнитида“

Министерката за култура на РепубликаМакедонија, Елизабета Канческа-Милевска, денеска, во 11 часот, во Куќата на Уранија во Охрид, ќе се обрати на свеченоста по повод промоцијата на постојаната музејска поставка „Златото на Лихнитида“. Во соопштението се вели дека поставката што се наоѓа во Музејот на Робевци содржи повеќе од 400 златни и позлатени предмети, откриени на археолошките локалитети во Охрид и во...

„Титоисти“ потсетуваат: На 22 декември – Ден на ЈНА

Здружението „Титоисти“ од Охрид, денеска се огласи со соопштение, сакајќи да потсети на 22 декември, датумот кој народите во поранешната југословенска држава го одбележуваа како Ден на ЈНА. „Во редот големи датуми во СФРЈ, едно од најзначајните места го зазема и 22 декември. Сега е вистинско време, постарите генерации да се потсетат, а оние помладите да научат нешто повеќе за...

Македонската и албанската полиција ќе соработуваат со заеднички оперативни тимови

Македонската и албанската полиција, вчера и денеска, на работен состанок кој се одржува во охридскиот хотел „Милениум палас“, договараат заедничка стратегија за поуспешно справување со организираниот криминал. Тимовите ги предводат директорот на Дирекцијата за јавна безбедност во МВР, Митко Чавков, и директорот на полицијата на Република Албанија, Артан Диди. Во досегашната работа, учесниците на средбата направија анализа на досегашната соработка, а...

Охрид блесна во новогодишен сјај

По повеќедневното украсување, вчеравечер, со вклучувањето на раскошната илуминација, Охрид блесна во новогодишен сјај. На плоштадот Св. Климент Охридски, беше организирана и скромна културно-уметничка програма, со учество на децата од танцовиот клуб „Соната“ и од детската градинка „Јасна Ристеска“. Со тоа симболично беше означен почетокот на предновогодишните празнувања во Охрид, кои ќе траат сè до 31 декември. Градоначалникот на Охрид,...

Заев во Охрид: Власта се ниша од сите страни

„Подготвуваме сценарио кое што допрва ќе се случува и кое мора да води кон успех. Злото да го снема, ама да ги отвори патиштата кон иднината на оваа наша земја. Тоа е конечната цел кон која се стремиме. Ќе ги претставиме сите аргументи и докази, но и тогаш не можеме да ѝ наштетиме на Македонија, туку ќе ја отстраниме...

Бакрачески: Победивме со 8.000 гласа разлика во услови на секојдневни закани

Лидерот на СДСМ и на опозицијата, Зоран Заев, синоќа, на трибина во Охрид, кажа дека бомбата која ќе ja активира СДСМ ќе предизвика силна експлозија бидејќи изборите што се организираа во 2013 и во 2014 година се криминални, а тоа се однесува и на Охрид. - Овде сум пред охриѓани и сакам да знаат дека она што се случи 2013...

Шекеринска: Македонија го губи чекорот со сите свои соседи

Радмила Шекеринска, заменик-претседател на СДСМ, од трибина во Охрид, обвини дека Република Македонија девет години не направи ниту еден чекор на патот кон ЕУ. - Вчера беше донесен уште еден ист заклучок на земјите-членки на ЕУ, со кој ни кажаа вест на која веќе се навикнамве, дека уште 12 месеци Македонија ќе помине во ЕУ-чекалницата. Ниту е прв, ниту вторпат. Деветта...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...