fbpx

Охрид окован во снег и во студ

-

Само еден ден пред новогодишната прослава, за која во Охрид на продолжен празничен викенд беа најавени илјадници гости, утрово градот осамна окован во снег и во студ, со температрура од -10 Целзиусови степени.

Улиците во најголемиот дел од градот се зачистени, некаде за една, некаде за две колони за движење на возила, но малку се очистени тротоарите, кои се лизгави и опасни за движење на пешаците.

Комуналците се на терен – со возила од неделата навечер, а со жива сила од вчера претпладне, но, сепак, поприлично задоцнија.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, ги повика сите вработени во локалната самоуправа да се вклучат во акцијата за чистење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...