fbpx
Таг: Охрид

таг: Охрид

Охрид поштеден од сезонскиот грип

Засега нема епидемија на сезонски грип во Охрид, информираат од Центар за јавно здравје. Во текот на изминатата седмица во Охрид биле евидентирани само 10 пациенти заболени од грип. - И во текот на целата зимска сезона, неделно беа евидентирани од три до пет заболени од сезонскиот грип. Во споредба со изминатата година, оваа зима бројот на заболени е енормно...

Кумството на Јоксимовиќ забележано во меидумите во Србија

Дел од меидумите во Република Србија го забележаа кумството во Охрид на манифестацијата Богојавление – Водици, на омилениот пејач во оваа земја, Жељко Јоксимовиќ. Мегу другите, настанот го регистрираа „Вечерње новости“, како и еден од најчитаните интернет-портали на просторите на поранешна Југославија, српски „Курир“. Самиот Јоксимовиќ, на крајот од манифестацијата, се огласи со објава на својот фејсбук-профил, во која напиша: „Сакам да...

Близу два тона чорба за Гинис

По четврти пат и годинава во Охрид се подготвуваше рибина чорба за празникот Свети Јован - Крстител, кој таму се празнува и како ден на охридските рибари. Рибината чорба се подготвуваше во голем казан, специјално донесен од штипското село Сарчиево. Во подготовката учествуваа професорите и учениците на Средното угостителско туристичко училиште „Ванчо Питошески“. Професорот по готварство, Блаже Јорданоски, објаснува дека и овојпат...

Кошиштани им го зедоа и бурето на Варошани!

Климент Довлев, 20-годишниот студент од охридската населбата Кошишта, годинава прв доплива и го фати бурето со црвено вино што традиционално се фрла во водите на езерото на 20 јанури, во рамките на манифестацијата „Ден на рибарите“. - По бурето скокам четири години, а за богојавленските празници се капам од мојата четврта година. Виното ќе го испиеме со блиските - рече среќниот фаќач. Довлев, на...

Во Охрид се учи, во Струга се штрајкува

Во Охрид наставата се одвива нормално и вообичаено, додека во соседна Струга повеќе се штрајкува отколку што се учи. - На ниво на општина, во Струга и во сите села, со исклучок на Вевчани, според нашите согледувања, 70 проценти од наставниците и од професорите не извршуваат настава и ја почитуваат одлуката на СОНК - вели Сурија Рашиди, началник за образование...

Охрид догодина – Светски град на хуманизмот

Претседателот на Академијата на хуманизмот, Јордан Плевнеш, обзнани дека Охрид догодина ќе биде прогласен за Светски град на хуманизмот. -Постапката е почната во консултации со познати интелектуалци и уверен сум дека ќе ја реализираме оваа идеја на Охридската академија на хуманизмот - вели Плевнеш. Формален повод ќе биде 1.100-годишнината од смртта на свети Климент Охридски. Плевнеш предлага дотогаш да се одбере локација...

Православниот празник Свети Јован Крстител, ден на рибарите во Охрид

Охриѓани денеска го одбележуваат големиот православен празник Свети Јован – Крстител и како ден на рибарите. Според традицијата, околу 14 часот, голем број капачи ќе скокаат по бурињата полни вино, кои ќе бидат фрлени во водите на Охридско Езеро. Меѓу капачите се очекува и поранешниот евроамбасадор, Ерван Фуере, кој неколкупати скокал и бил среќен фаќач. Тој веќе неколку дена е...

Охрид: Дебрчани „им го зедоа” крстот на варошани

Цветан Мицкоски од населбата Далјан, по потекло од селото Белчишта, Дебрца, беше најсреќен, но и најупорен меѓу капачите во Охридско Езеро и прв стигна и го фати светиот крст во студената вода на езерото. - Веќе две децении скокав по светиот крст во Охрид за Водици. Многу сум среќен што годинава го фатив крстот и што конечно желбата ми се исполни. За многу години...

За Водици најмасовно во Охрид

Денеска е Богојавление - Водици, еден од најголемите христијански празници во православната вероисповед. Според православниот календар и според верувањето, на овој ден спасителот Исус Христос е крстен во водите на реката Јордан од светецот Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Симболично, на сите места во Македонија се фрла крстот и се осветуваат водите. Големиот водосвет е симбол на обновувањето на...

СДСМ Охрид: Градоначалникот се жали на неефикасност, а вработува партиски војници

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, и ВМРО-ДПМНЕ постојано се жалат дека општинската администрација е неефикасна и пренатрупана, а сепак континуирано вработуваат нови партиски војници, обвинија денеска од СДСМ. За време на новогодишните и божикните празници, течеше рок за пријавување на конкурс за 10 нови вработувања во општинската администрација во Охрид. ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески не реализираа ниту еден од ветените капитални проекти...

Фото–изложба за „Света Софија“ во Охрид

В сабота, 17 јануари, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе биде отворена фото-изложбата насловена „Катедралата „Света Софија“: Од Охрид до Полотск“. Фотографиите се дело на проф. д-р Сергеј Тарасов. Изложбата ја организира Институтот за социо-културна антропологија на Македонија, во соработка со Европскиот хуманистички универзитет од Вилнус, Литванија. Изложбената поставка е дел од програмата на третата Меѓународна конференција „Охрид...

Жељко Јоксимовиќ ќе го прими кумството за Водици на 17 јануари

Годинешните кумови на празникот Водици, Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милевски, ќе го примат кумството на 17 јануари напладне, во црквата „Свети Никола - Геракомија“ во Охрид, најави Митко Пендов од Здружението за поддршка и за афирмација на МПЦ „Богојавление“. Пендов додава дека завршните подготовки течат навремено за, како што рече, Охрид и старата богојавленска традиција да бидат претставени во најдобро...

Охрид се подготвува за Водици

Во Охрид привршуваат подготовките за одбележување на празникот Богојављение – Водици, на 19 јануари, како и за Денот на рибарите – наредниот ден. Организатор на манифестацијата е здружението „Богојавление“, заедно со локалната самоуправа, донатори и други помагатели. Се вклучија и охридските хотели и угостители, кои понудија дисконтни цени на аранжманите во сместувањето и на другите услуги. Охрид за Водици годинава очекува...

Божикен ручек, подарок од македонските иселеници во Австралија

Македонските иселеници во Австралија, собрани околу охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски“, со седиште во Мелбурн, направија хуман гест, организирајќи божикен ручек за згрижените лица во Одделението за геријатрија при Општа болница во Охрид. Тие поминаа неколку убави часови во празнична и весела атмосфера, додека за убавото расположение придонесоа и членовите на ансамблот „Билјана јуниор“, кои ги пееја познатите староградски...

СДСМ: Директорите и раководителите да се поставуваат по стручна, а не по роднинска и по партиска основа

Општинската организација на СДСМ од Охрид побара од градоначалникот Никола Бакрачески, директорите и раководителите да ги поставува по стручна и по професионална, а не по роднинска и по партиска основа. „Инаку, ниту снегот нема да го покрие срамот на охриѓани пред многубројните туристи што престојуваа во градот за време на новогодишните празници. Само 25 сантиметри снег беа доволни да ја...

Црвен крст и ЦУК доставија помош до отсечените села во Охридско и во Струшко

Заеднички тим на Црвениот крст, на Единицата за спасување на планина и непристапни терени од Охрид, заедно со претставници на Центарот за управување со кризи - Регионалната канцеларија од Охрид, достави помош во прехранбени производи, средства за хигиена, ќебиња и лекови до загрозените семејства во отсечените села во општина Дебрца, Црвена вода, Издеглавје и Годивје. Онаму каде што не...

СДСМ: Одговорноста не е само на ЈП „Македонија пат“

Одговорноста за катастрофалната состојба со патните правци кон Охрид и во самиот град, предизвикана од снегот и од ладното време, не е само на ЈП „Македонија пат“, како што вели министерот за транспорт, Миле Јанакиески, сметаат од Општинската организација на СДСМ од Охрид. „Власта на Груевски е таа што ги задолжи граѓаните на Македонија за милионски камени фонтани, споменици и...

Улиците низ Охрид – лизгалишта, чаршијата – скијалиште

На последниот ден од старата и неколку часови пред новогодишното славје и дочекот на Нова година, охриѓани, заедно со нивните празнични гости, живеат во атмосфера и во услови на поларна зима. Седат дома на -10 Целзиусови степени, а само најхрабрите одлучуваат да прошетаат. Возила користат само оние што мораат, како и гостите од земјата и од странство. Улиците се подмрзнати, тротоарите - исто...

Автобус со словенечки таблички се излизга и излета од патот Ресен – Охрид

Автобус со словенечки регистерски таблички во кој, во моментот на незгодата, имало четири лица, излетал синоќа од коловозот на патот Ресен – Охрид, кај местото Прентов мост, во близина на Охрид. Во незгодата немало повредени. На местото на несреќата извршен е увид од истражни органи. До незгодата дошло како последица на исклучително ниската температура, од околу -10 Целзиусови степени, и...

Жителите од охридската населба Гоце Делчев во ризични услови за живот!

Жителите од охридската населба Гоце Делчев се пожалија дека се оставени во ризични услови за живот. При секои врнежи од снег, особено како што се последните, проследени со многу ниска температура, жителите од оваа населбата, попозната како Бараки или населба ЕМО, се соочуваат со големи проблеми. Населбата е изградена над Охрид, од југоисточната страна, на стрмен потпланински терен. Навистина лете...

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Словачките новинари стравуваат дека обидот за атентат на премиерот Роберт Фицо може да доведе до уште поголема поларизација и задушување на независните гласови. Неколку високи политичари од владејачката коалиција...