fbpx

За Водици најмасовно во Охрид

-

Денеска е Богојавление – Водици, еден од најголемите христијански празници во православната вероисповед. Според православниот календар и според верувањето, на овој ден спасителот Исус Христос е крстен во водите на реката Јордан од светецот Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.

Симболично, на сите места во Македонија се фрла крстот и се осветуваат водите. Големиот водосвет е симбол на обновувањето на нашата огрешена природа преку вода и Дух.

Во Охрид, денеска, десетици илјади верници и гости ќе присуствуваат на одбележувањето на големиот православен празник Богојавление – Водици. Чествувањата почнаа утрово со света архиерејска Василева литургија во црквата „Св. Богородица“ – Каменско. Света Василева литургија се служеше и во останатите парохиски цркви во Охрид, освен на Плаошник.

По завршувањето на литургиите, литиите тргнаа кон градското пристаниште.
Богојавленскиот водосвет на водите на Охридско Езеро по повод Водици, е закажан на градското пристаниште, со почеток во 10 часот. Светиот крст во водите на езерото, годинава, наместо од брод, ќе биде фрлен од пристаништето „кај колцето“. Се очекува по него да запливаат околу 1.000 капачи.

Празнувањето е збогатено со пригодна културно-уметничка програма. Утринава присутните проследија настап на градски хорови, додека за напладне е закажан настап на музичкиот ансамбл „Билјана јуниор“. Во 14 часот, во месноста Сараиште, ќе се одржи традиционалното масовно богојавленско крштевање, а во студентскиот дом „Никола Карев“, Црвениот крст организира крводарителска акција.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...