fbpx

Охрид поштеден од сезонскиот грип

-

Засега нема епидемија на сезонски грип во Охрид, информираат од Центар за јавно здравје. Во текот на изминатата седмица во Охрид биле евидентирани само 10 пациенти заболени од грип.

– И во текот на целата зимска сезона, неделно беа евидентирани од три до пет заболени од сезонскиот грип. Во споредба со изминатата година, оваа зима бројот на заболени е енормно помал – вели доктор Јованка Коровешоска-Стурлакова, специјалист епидемиолог.

Таа додава дека, сепак, се очекува бројот на заболени од ова вирусно заболување да порасне со почетокот на второто полугодие во училиштата.
– Секоја година грипот зема замав кон крајот на јануари и на почетокот од февруари. Затоа и овојпат очекуваме дека ќе имаме повеќе заболени, но никако не станува збор за епидемија – вели Коровешоска – Стурлакова.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури

Деновиве се случуваат големи температурни осцилации. Влеговме во пролет со летни температури, а сега имаме ниски температури. Чувствителните луѓе реагираат на овие драстични временски разлики бидејќи организмот не може...