fbpx

Православниот празник Свети Јован Крстител, ден на рибарите во Охрид

-

Охриѓани денеска го одбележуваат големиот православен празник Свети Јован – Крстител и како ден на рибарите. Според традицијата, околу 14 часот, голем број капачи ќе скокаат по бурињата полни вино, кои ќе бидат фрлени во водите на Охридско Езеро. Меѓу капачите се очекува и поранешниот евроамбасадор, Ерван Фуере, кој неколкупати скокал и бил среќен фаќач. Тој веќе неколку дена е во Охрид, каде имаше средба со градоначалникот Никола Бакрачески.

На малиот плоштад кај Долна порта ќе се прави традиционалната рибина чорба, која бесплатно ќе се дели на посетителите. Традицијата налага ова јадење, откако ќе се подготви, да биде благословено од свештено лице, а потоа да се подели меѓу насобраниот народ. Количеството чорба што ќе остане, се разделува во болничките установи и во другите институции.

Охридскиот специјалитет се подготвува во казанот кој се носи специјално за овој ден во Охрид од штипското село Сарчиево. Жителите од ова село во 2010 година го соборија Гинисовниот рекорд за најголемо количество варен грав токму во овој котел.

Традиционалната рибна чорба за денот на рибарите, годинава ја подготвува хотел-ресторанот „Тино“, од каде велат дека со задоволство се приклучиле во одбележувањето на богојавленските празници, меѓу другото, и поради кумовите за Водици, Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милески.

На градскиот плоштад Свети Климент Охридски, во текот на целиот ден ќе биде поставена изложбата на риболовен алат и стари фотографии со мотиви од Охрид.

Со овие настани завршуваат петдневните чествувања на православниот христијански празник Богојавление – Водици, кој во Охрид се одбележува најмасовно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...