fbpx

Болницата „Свети Еразмо“ од Охрид, во чекор со светската технологија

-

Министерството за здравство ја привршува постапката за набавка на современ апарат за компјутерска томографија што ќе биде инсталиран во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ од Охрид, информираше директорот д-р Митко Тилевски.

Според најавите, апаратот треба да биде ставен во функција во март или април идната година, додека во болницата велат дека се подготвени во секој момент да почнат со работа. Новиот компјутерски томограф ќе биде 64-слајсен, за разлика од претходниот којшто беше 1,5-слајсен и којшто по 12-годишна употреба, не е во функција повеќе од една година.

– Ги имаме сите услови, од технички и просторни, до соодветен стручен кадар. Просторијата е веќе подготвена, тоа е истата онаа каде што беше сместен претходниот томограф. Имаме и двајца рендгенолози кои знаат да си ја вршат својата работа, но и обучен друг медицински персонал за ракување со новиот апарат. Лекуваме редовни пациенти кои имаат потреба од такво снимање, а исто така се случуваат и сообраќајни незгоди во кои на повредените што се носат во нашата болница треба да им се направи комјутерска томографија, а знаете, за жал, има и тешко повредени, па тие треба да се препраќаат во другите здравствени установи – додава директорот Тилевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...