fbpx
Таг: Охрид

таг: Охрид

Охрид и Струга ќе се офајдат од пензионерските викенди

Охрид и Струга, заедно со останатите туристички места во Македонија, како што се Дојран, Берово, Преспа и Крушево, ќе бидат вклучени во владиниот проект „Бесплатен туристички викенд за пензионерите“. Во туристичките капацитети во овие места ќе се нуди тридневна рекреација за оваа категорија граѓани, со полн пансион и со обезбеден превоз. Проектот „Бесплатен туристички викенд за корисниците на пензии“ ќе се...

Македонија со добри перформанси во превенцијата и во борбата против трговијата со луѓе

Република Македонија, во последните години, е препознаена како земја со најдобри перформанси во регионот во однос на превенцијата и на борбата против трговијата со луѓе, за што потврдуваат и извештаите на американскиот Стејт департмент. Ова во Охрид го нагласи Трпе Стојановски, директор на МАРИ - Регионалниот центар, во чија организација, заедно со МВР Центарот за безбедносна соработка, се одржува...

Угостителите се жалат на високи казни од инспекциските служби

Охридските угостители се жалат на високи казни што ги пропишуваат инспекциските служби. Бараат да се регулира прашањето со пушењето, како и ангажирањето летни, сезонски работници. - И Германија има прво опомена и потоа ќе ти дадат помала казна. А овде, имаш дуќан со стока во вредност од најмногу 600 евра, а казната што треба да ја платиш изнесува 2.500 евра....

Охрид подготвен за новогодишните празници и за гости од целиот Балкан

Нецели две седмици пред новогодишните празници, Охрид веќе влегува во празнична атмосфера, украсен во соодветен декор. Традиционалното градско корзо, односно чаршијата, е веќе под илуминациско „ѕвездено небо“, а плоштадот исто така. Сите улици кои влегуваат во плоштадот, езерскиот кеј, украсните дрвца во парковите, се новогодишно уредени. За „најлудата ноќ“ на охридскиот плоштад, локалната самоуправа и годинава организира прослава на отворено....

Охридската куќа, филигранот и храната, адути за туристичка промоција на Охрид

Факултетот за туризам и угостистителство во Охрид и секторот за туризам и локален економски развој при Општината ја организираа финалната презентација на проектот „Младите како носители на културата, традицијата и знаењето во општина Охрид“, чија цел е вклучувањето на младите во туристичката промоција на охридските традиционални вредности, јавуваат дописникот на „Мета“ од Охрид. Охридскиот бисер, накитот од филигран, сувенирите, како...

(ФОТО) Охрид на декемвриски плус 15

Убавото време, со температура невообичаена за овој период од годината, до 15. Целзиусов степен, измами денеска многумина охриѓани на пријатна крајезерска прошетка. Живнаа и терасите од рестораните и кафулињата, што е само дополнителна провокација за новогодишните гости, кои планираат овде да го минат празничниот викенд. На убавините што ги создава мирната езерска шир, со мноштвото галеби и со групата прекрасни лебеди, се...

Кинеска медиумска експедиција воодушевена од Охрид

Група кинески новинари од печатени и од електронски медиуми, заедно со официјален претставник од Секторот за меѓународна соработка на провинцијата Чунгчин од НР Кина, во Охрид се сретнаа со претставници на локалната самоуправа и ги разгледаа најзначајните споменици на историјата и на културата. Престојот на кинеските новинари во Охрид и в Македонија е претходница за нивниот ангажман на Самитот на...

Нова книга есеи: „Кога уметноста е живот, животот е уметност“ од Петко Шипинкаровски

Утре напладне, во Културно-информативниот центар „365“ во Охрид, ќе биде промовирана новата книга есеи „Кога уметноста е живот, животот е уметност“ од Петко Шипинкаровски. Книгата ќе ја претстават Лидија Размоска и Тоде Илиески. Петко Шипинкаровски досега има објавено десетина романи, две романизирани монографии, книгата раскази „Залезнина“ и монодрамата за Толе Паша. „Бели утра“ е негова четврта поетска збирка, а 16....

Македонија e надвор од терористичката мапа

Стотина експерти од 13 земји во светот, договараат стратегија за поуспешно справувањето со сајбер-тероризмот, на конференција во Охрид организирана во рамките на Напредната школа за сајбер-безбедност и за сајбер-одбрана на НАТО, а на која домаќин е Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ од Скопје. Република Македонија не е приоритет на терористичката мапа, сметаат експертите од Македонија, не негирајќи дека и на...

Во Охрид ќе се отвори „Златна соба“

До крајот на неделава државата, преку Министерството за култура, подготвува голема прослава по повод отворањето на долго најавуваната „Златна соба“, која ќе биде сместена во вредниот споменик на старата градска архитектура – „Куќата на Робевци“. Информацијата ја објави порталот „Охрид прес“, без да се наведе точниот ден на прославата, на која е најавено учество на највисоките државни раководители и...

Охрид се подготвува за новогодишните празници

Дваесетина дена пред новогодишните празници, во Охрид локалната самоуправа привршува со декорирањето и со осветлувањето на центарот на градот. - Очекувајте вистинска зимска бајка - најавуваат оттаму. Сандански, Банско и Боровец, во Република Бугарија, но и Копаоник, Златибор и Стара Планина, во Република Србија се центрите кон кои охриѓани ќе гравитираат и оваа зима. Оние со подлабок џеб, ќе заминат во ексклузивните...

Светиклиментовата награда ја прими ликовниот уметник Јордан Манасиески

Во Охрид завршија годинешните чествувања посветени на патронот на градот, свети Климент Охридски. Вчеравечер, на свечена академија, беа доделени и највисоките општински признанија - Светиклиментовата награда на ликовниот уметник Јордан Манасиевски и Повелбата – постхумно на фолклористот Слободан Крлески. - Сè додека постојам и каде и да бидам на овој свет, Охрид и понатаму ќе биде мојата главна инспирација за творење - рече...

Изложба на фотографии – „Охрид, слики од минатото“

Во рамките на чествувањата посветени на патронот на Охрид, св. Климент Охридски, синоќа беше отворена изложба на фотографии од Охрид во минатото. Изборот е направен од фотографии објавени на фејсбук-страницата „Охрид слики од минатото“, додека љубителите на фотографијата можат да ја погледаат во атрактивниот галериски простор на „Куќата на Уранија“. Фејсбук-групата во 2010 година ја креираше Никола Зафировски, една е од најпопуларните...

Јоксимовиќ не е по мерка на ВМРО-НП

Општинскиот разгранок на ВМРО – Народна партија во Охрид, на изборот на српската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ за кум на годинешното празнување на христијанскиот празник Богојавление – Водици, му придаде политичка, верска и меѓудржавна конотација. - Можеби единствената „грешка“ на здружението и на локалната самоуправа е тоа што минатата година не ја назначи Лепа Брена за кума на празникот. Со...

Свети Климентовата награда отиде во рацете на Јордан Манасиески

Познатиот сликар кој живее и твори во Охрид, Јордан Манасиески, е годинашен добитник на Свети Климентовата награда, додека Повелбата постхумно му е доделена на Слободан Крлески, фолклорист. Високите општински признанија ги добиваат личности кои дале свој особен придонес за развојот и за афирмацијата на градот Охрид. Манасиески е ликовен уметник кој сè повеќе ја зацврстува својата позиција на големо уметничко име...

Жељко Јоксимовиќ: Чест ми е да бидам дел од Водици во Охрид

Исклучителна чест ми е да бидам дел од една таква прекрасна церемонија, напиша на својот профил на „Фејсбук“, новиот кум на Водици за 2015 година во Охрид, Жељко Јокимовиќ. Здружението на граѓани „Богојавление“, денеска и официјално ги избра новите кумови за манифестацијата Водици – 2015 во Охрид. Како што претходно веќе беше неофицијално објавено, тоа се балканската музичка ѕвезда Жељко...

Богата програма во чест на свети Климент Охридски

Со презентација на изработки од учениците на ОУ „Св. Климент Охридски“, попладнево во 18 часот почнуваат свеченостите по повод 8 декември - Денот на заштитникот на Охрид, Свети Климент Охридски. Утре, во 19 часот, во Центар за култура „Григор Прличев“, ќе биде отворена изложба на ликовни творби на учениците од гимназијата „Св. Климент Охридски“, а ќе се одржи и промоција...

Охрид во аранжманите на најексклузивни светски туристички оператори

Македонската туристичка и летна културна мека, Охрид, се најде во туристичките аранжмани што ги нудат најексклузивни туристички оператори од светот, за 2015 година. Најчесто, тој е дел од понудата за балкански тури, во кои Македонија се нуди во туристички пакет со Косово и со Албанија, објави порталот „Охрид њуз“. Еден од најстарите американски туристички оператори, „Кутрубс травел“ (Кutrubes travel) од Бостон, го...

СЦ „Билјанини извори“ – цел месец без електрично напојување

Јавното претпријатие за стопанисување со спортските објекти и со паркиралиштата во Охрид - „Билјанини извори“, речиси есен месец е без електрично напојување. ЕВН ја исклучи струјата поради неплатен долг, кој надминува осум милиони денари. Во меѓувреме, електричното напојување повторно беше вклучено, но само на два дена, наменски, за Саемот за вработување во организација на Агенцијата за вработување на Република...

УСАИД спроведе работилница за презентација на дигитални сликовници

Американската агенција за меѓународен развој - УСАИД, во соработка со Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, во основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид, спроведе работилница за презентација на дигитални сликовници. Преку работилницата, која е дел од проектот „Со читање до лидерство“, презентирани се околу дваесеттина дигитални сликовници, кои можат да се користат во наставата по повеќе предмети....

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...