fbpx

Охрид блесна во новогодишен сјај

-

По повеќедневното украсување, вчеравечер, со вклучувањето на раскошната илуминација, Охрид блесна во новогодишен сјај. На плоштадот Св. Климент Охридски, беше организирана и скромна културно-уметничка програма, со учество на децата од танцовиот клуб „Соната“ и од детската градинка „Јасна Ристеска“. Со тоа симболично беше означен почетокот на предновогодишните празнувања во Охрид, кои ќе траат сè до 31 декември.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, најави дека на плоштадот секојдневно ќе има бројни настани и богата културно-уметничка програма, на која ќе учествуваат охридските основни и средни училишта, детската градинка „Јасна Ристеска“ , бројни културно-уметнички друштва, оркестри и ансамбли, балетски и танцови студија и рок-групи.

– На 31 декември со почеток во 21 часот, за охриѓани, домашните и за странските туристи, ќе има богата забавна програма, на која ќе настапат Владо Јанески, Петар Нечески и групата „ Камелеон“. Празнувањата во Охрид ќе продолжат и по Нова година и Божик. Локалната самоуправа ќе ги подржи традиционалните празнувања со палење на малските огнови за Ваилица – Стара нова година. Годинава со богата четридневна програма ќе се одбележува и големиот христијански празник Богојавление – Водици. Покрај централниот настан, односно вадење на светиот крст од езерските води и одбележувањето на денот на рибарите, ќе има и неколку настапи на познати музички ѕвезди, меѓу кои ќе биде и Каролина Гочева, која ќе пее песни од последниот албум, „Македонско девојче 2“ – најави градоначалникот Бакрачески.

Како ноќе изгледа Охрид деновиве, најубаво прикажуваат фотографиите на Стојан Стојаноски, кои ги објави порталот „Охрид 1“.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...