fbpx

„Привремен“ охриѓанец „специјализирал“ грабеж на златни предмети

-

СВР Охрид поднесе две кривична пријава против 24. годишниот Б.И, со привремено живеалиште во Охрид, за кого постои основано сомневање дека сторил девет тешки кражби и една кражба.

Пријавениот, кривичните дела ги извршил во првата половина на овој месец, со насилно кршење на вратите и на прозорците од куќи и од станови во Охрид. На тој начин влегол во две куќи на улицата Дејан Војвода, чии сопственици се наоѓале во Швајцарија, а од каде одзел сребрени алки и златен накит.

Со кршење стакло од прозорецот на приземјето, Б.И. влегол и во куќа на улицата Лазо Трпоски, од каде одзел дивиди-плеер, машина за потстрижување, туш-батерија и една чешма.

Пријавениот искористил можност, односно незаклучена влезна врата, и влегол во куќа на улицата Славеј Планина, каде извршил пребарување и од спалната соба одзел лаптоп.

Со качување на балконите, пријавениот Б.И. влегувал во станови на булеварите Туристичка и Богомилска, од каде одзел пари, австралиски монети, златен накит, еден нож и други поситни предмети.

Златните предмети ги продавал во златарници во Струга, а другите предмети низ пазарите во Скопје. На тој начин Б.И. стекнал противправна имотна корист од 70.000 денари.

Дел од одземените предмети, заедно со една патна исправа, се пронајдени при претрес од полициските службеници во неговиот дом.

Од страна на оштетените лица, во присуство на јавен обвинител, извршено е препознавање на пријавениот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...