fbpx

Охрид почна со новогодишни прослави

-

Македонската туристичка метропола, Охрид, од вчеравечер почна со еднонеделната предновогодишна програма, во организација на локалната самоуправа. Први настапија учесниците од детскиот фестивал „Распеано рибарче“, додека манифестациите се организираат, главно, на плоштадот Св. Климент Охридски.

Веќе настапија и учениците од основните училишта „Григор Прличев “ и „Св. Наум Охридски “ од Пештани, а до утревечер ќе бидат вклучени и учениците од сите основни и средни училишта во градот.

В петок, 26 декември, во период од 18 до 20 часот, ќе настапат членовите на балетските групи: „Соната“, „Ви-за-ви“ и „Кореографски центар 21“.

Во деновите на викендот, културно-уметничката програма почнува во 12 часот и ќе трае до 18 часот. Предвидени се настапи на фолклорните ансамбли KУД „Ѓердан“, КУД „Плетенка“, КУД „Филиграни“, КУД „Илинден“ и КУД „Отекс-фолк“.

Попладнето и ноќта в понеделник, 29 декември, се посветени на староградска музика, а ќе настапат: КУД при Здружение на пензионери на општините Охрид и Дебарца, оркестарот при ОСУ  „Св. Климент Охридски“, и групите „Сарај“ и „Зарина”.

Во вторник, 30 декември, во период од 18 до 20 часот, целовечерен концерт ќе има групата „Билјана јуниор“.

Предновогодишната програма на 31 декември почнува точно напладне, со настап на најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“, по што ќе следат настапите на талентираните млади музички звезди: Исидора Јанева, Натали Илијовска, рок-групата „Тарантула“. Од 15 до 18 часот посетителите на плоштадот ќе се забавуваат на музика од диџеј Аце.

Новогодишната програма, на последниот ден од старата година, на градскиот плоштад почнува во 21 часот и ќе трае доцна во ноќта, со настапите на естрадните уметници Петар Нечоски, групата „Камелеон“ и Владо Јаневски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...