недела, 7 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: НоваГодина | 25 резултати

Голем број битолчани Новата година ја прославија на плоштадот Магнолија

јануари 1, 2015

На -7 Целзиусови степени, битолчани вчеравечер, за дочекот на Нова година, се забавуваа на плоштадот Магнолија. Нив ги имаше во голем број, од деца до возрасни. Граѓаните што решија да ја прослават Нова година на плоштадот Магнолија, прво уживаа во народните песни на битолската група „Боеми“, на Борче Наумовски и на Сејфедин, а потоа забавата продолжи со хитовите […]

Претседателот Иванов ја посети касарната „Илинден“

јануари 1, 2015

Претседателот на држвата и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, придружуван од министерот за одбрана, Зоран Јолевски, и од началникот на Генералштабот, генерал-полковник Горанчо Котевски, денеска традиционално, на првиот ден од Новата година, ги посети припадниците на АРМ, пренесува „24 Вести“. Иванов беше во посета на батаљонот за специјални намени во скопската касарна „Илинден“, […]

Петнаесет битолчани со зголемен крвен притисок од прејадување

јануари 1, 2015

Лекарите од ургентното одделение на Клиничката болница во Битола, на новогодишната ноќ имале полни раце работа. Според докторот Зоран Лазаров, специјалист по ургентна медицина, ноќеска лекарска помош побарале петмина битолчани кои претерале со алкохолот, а кај 15 лица било констатирано зголемување на крвниот притисок, најчесто поради прејадување. Покрај тоа, шестмина битолчани дошле во болница поради повреди […]

Светот влезе во новата година со огномети и со концерти, но и со трагични инциденти

јануари 1, 2015

Со спектакуларни огномети, концерти и со улични забави, вчеравечер, точно на полноќ, во светските метрополи беше дочекана Новата година. Темна дамка на дочекот остави инцидентот што се случи во кинескиот град Шангај, каде најмалку 35 лица загинаа, а десетици други се повредени во стампедо неколку минути пред полноќ. Засега нема прецизни информации што го предзвикало стампедото […]

На Токсикологија примени 32 пациенти, 16 претерале со алкохолот за Нова година

јануари 1, 2015

На Клиниката за токсикологија, за новогодишната ноќ биле примени 32 пациенти, од кои 16 биле во алкохолизирана состојба, соопшти докторот Нестор Поповски, од Клиниката за токсикологија, пренесува „Република“. Според информациите, поголемиот дел од лицата што претерале со алкохолот биле девојчиња на возраст меѓу 14 и 21 година. Двајца од пациентите биле примени поради труење со јаглерод […]

На охридскиот плоштад илјадници славеа на минус 10 степени

јануари 1, 2015

Неколку илјади охриѓани и гости од балканските земји, ја дочекаа новата 2015 година на отворено, на -10 Целзиусови степени, на плоштадот Свети Климент Охридски. Со песна и со загреана ракија од околните кафулиња, веселбата траеше до длабоко во ноќта и заврши со впечатлив огномет над Охридско Езеро. Присутните на плоштадот се забавуваа со изведувачот на народна музика, охриѓанецот […]

Првото бебе во новата 2015 година е девојче

јануари 1, 2015

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, една минута по полноќ се роди првото бебе во новата 2015 година. Бебето е женско, тешко е 3 килограми и 550 грама и долго е 51 сантиметар. За родителите ова е трето дете.

МВР апелира за мирен и безбеден дочек на Нова година

декември 31, 2014

Министерството за внатрешни работи, во пресрет на дочекот на Нова година, упати апел до граѓаните максимално да се воздржуваат од употреба на огнено оружје, петарди и други пиротехнички средства, како и од нарушувања на јавниот ред и мир. – На сите учесници во патниот сообраќај им порачуваме да бидат внимателни и дисциплинирани и во целост […]

Точно на Нова година ќе пее Елена Ристевска

декември 30, 2014

Денеска, на последниот ден од програмскиот дел во паркот Жена-борец, можете да уживате шетајќи низ новогодишниот пазар и во волшебното катче каде што може да ја слушате распеаната елка. Утре настаните ќе се одвиваат на плоштадот Пела, со дочек на Дедо Мраз од 12 часот пред „Порта Македонија“, детска претстава и со хорот „Златно славејче“. Водители на манифестацијата, која […]

Доделени наградите за манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје“

декември 25, 2014

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска свечено им ги врачи признанијата на годинешните добитници на наградите во четирите категории од манифестација „Новогодишни бои на Скопје 2014“. – Во пресрет на новогодишните и на божикните празници, Градот Скопје и годинава, традиционално, ја организира познатата манифестација „Новогодишни бои на Скопје“ – манифестација со која ги поттикнуваме […]

Охрид почна со новогодишни прослави

декември 24, 2014

Македонската туристичка метропола, Охрид, од вчеравечер почна со еднонеделната предновогодишна програма, во организација на локалната самоуправа. Први настапија учесниците од детскиот фестивал „Распеано рибарче“, додека манифестациите се организираат, главно, на плоштадот Св. Климент Охридски. Веќе настапија и учениците од основните училишта „Григор Прличев “ и „Св. Наум Охридски “ од Пештани, а до утревечер ќе бидат […]

Џони Деп и Амбер Херд ќе се венчаат

декември 24, 2014

Откако Џони Деп (51) и Амбер Херд (28) ги поканија своите блиски пријатели на прослава на Нова година на Бахамите, низ јавноста почнаа шпекулации дека тие тој ден го планираат за да стапат во брак. Џони Деп по само една години oд забавување ја запроси Амбер, а свршувачката беше неочекувана. Актерот се раздели од Венеса Паради , […]

Охрид блесна во новогодишен сјај

декември 18, 2014

По повеќедневното украсување, вчеравечер, со вклучувањето на раскошната илуминација, Охрид блесна во новогодишен сјај. На плоштадот Св. Климент Охридски, беше организирана и скромна културно-уметничка програма, со учество на децата од танцовиот клуб „Соната“ и од детската градинка „Јасна Ристеска“. Со тоа симболично беше означен почетокот на предновогодишните празнувања во Охрид, кои ќе траат сè до […]

„Ван Гог“ на Јадран сквер за Нова година

декември 17, 2014

„Град во градот 2“ е насловена новогодишната прослава што градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, ја организира на Јадран сквер, а која ќе трае два дена. На 30 декември, граѓаните ќе се забавуваат со македонски музички ѕвезди, односно со групата „Ареа“, Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“ и со Тамара Тодевска. На 31 декември, покрај македонската група „ДНК“, ќе настапи и „САРС“ […]

Во паркот „Жена-борец“ ќе никне волшебен парк

декември 15, 2014

На плоштадот Македонија во Скопје, за прославата на Нова година, ќе настапат Есма Реџепова, Наум Петрески, Сузана Спасовска, „Куку леле“, Ерик Фокс и Симона, Даниел Кајмакоски, Дани Димитровска, а на полноќ во 12 часот ќе пее Елена Ристеска. Од 25 до 31 декември, ќе има новогодишен волшебен парк со „распеани елки“, Дедо Мраз, детски работилници и […]

Охрид се подготвува за новогодишните празници

декември 10, 2014

Дваесетина дена пред новогодишните празници, во Охрид локалната самоуправа привршува со декорирањето и со осветлувањето на центарот на градот. – Очекувајте вистинска зимска бајка – најавуваат оттаму. Сандански, Банско и Боровец, во Република Бугарија, но и Копаоник, Златибор и Стара Планина, во Република Србија се центрите кон кои охриѓани ќе гравитираат и оваа зима. Оние со […]

Почна пријавувањето за „Новогодишни бои на Скопје“

декември 5, 2014

Градот Скопје и годинава, во рамките на новогодишните и божикните свечености, ја организира веќе традиционалната манифестација „Новогодишни бои на Скопје“, со која жителите на главниот град се мотивираат и стимулираат да ги украсуваат своите домови и работни простории и да придонесат во разубавување на празничниот амбиент на градот. Заинтересираните граѓани и правни субјекти кои сакаат […]

Почна новогодишното украсување на градот

декември 2, 2014

Град Скопје почна со новогодишното украсување на плоштадот и на централното градско подрачје, кое ќе трае до 15 декември. Од Град Скопје информираат дека традиционално ќе биде поставена централна новогодишна елка, висока 18 метри, со светлосни и со други украсни елементи. Новогодишните декорации ќе ги постават фирмите „Линк медиа“ од Скопје и „Лутарико“ ДООЕЛ – Скопје, […]

Кампања за Нова година без петарди

ноември 26, 2014

„Среќна и безбедна 2015 година – во семејно и пријателско дружење“ е мотото на годинешната кампања за подигнување на свеста на граѓаните во однос на употребата на петарди и на други пиротехнички средатва. По повод оваа акција, денеска се одржа и симулациска вежба од активисти на Црвениот крст и МВР пред ТЦ „Капитол“ во населбата […]

Страна 1 од 2