fbpx
Таг: МВР

таг: МВР

Млад кичевец избодел свој сограѓанин

Полициската станица од Кичево поднесе пријава против С.А. (22) од овој град, поради постоење основи за сомневање за обид за убиство. На пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, по што е испратен во казнено-поправната установа во Тетово, соопшти портпаролот на СВР во Охрид, Стефан Димоски. Кривичното дело е извршено на 18 овој месец, околу 17 часот,...

За една недела фатени повеќе од 80 пијани возачи во Битола, Тетово и во Штип

Полициски службеници од СВР- Битола, во текот на минатата недела регистрирале 495 прекршоци на Законот за безбедност на сообраќајот. Како што се наведува во соопштението, во 25 од случаите е констатирано присуство на алкохол кај возачите, констатирани се 57 случаи на управување на возило без возачка дозвола, 96 возачи управувале возила со поголема брзина од дозволеното, констатирани се технички неисправности кај 28...

Брачен пар осомничен за убиство во Горно Оризаре

Велешката полиција поднела кривични пријави против жител на селото Горно Оризаре, осомничен дека кон крајот на март годинава, го убил својот соселанец Бајрам И.(33), соопшти полицијата. Покрај осомничениот, кој според пријавата, се товари за кривично дело убиство, приведена е и неговата сопруга. Таа, според полицијата, е осомничена за помагање бидејќи знаела за убиството, но не пријавила. Убиството беше откриено кон средината...

Ние намаливме на 50, ЕУ размислува за зони со максимални 30 километри на час

Педесет километри на час во урбани средини, како што предвидува новиот закон за сообраќај кај нас, веќе неколку години е практика во сите земји-членки на ЕУ, и во некои кои не се дел од Унијата. Европскиот парламент минатата година усвои документ со кој бара од Европската комисија да ги провери можностите оваа граница да биде спуштена за уште 20...

Директорот на БЈБ, Чавков и амбасадорот Гарет ќе потпишат Меморандум за соработка

Денеска, директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Митко Чавков, и амбасадорот на Обединетото кралство во Република Македонија, Чарлс Гарет, ќе потпишат Меморандумот за соработка за имплементирање на едногодишниот проект „Вовед во британските методологии и практики за прибирање информации“. Проектот ќе биде реализиран во соработка со експерти од Британската национална агенција за борба против криминалот (NCA).

Се кастри максималната брзина: Во градовите само со 50 километри на час!

Максималната брзина на движење на возилата низ сообраќајниците во урбаните средини, наместо досегашните 60 километри на час, ќе изнесува 50 километри на час, е предвидено со измените на Законот за безбедност во патниот сообраќај, кој е подготвен и треба да се најде во собраниска процедура, потврдуваат за агенцијата „Мета“ од МВР. Како што информираат оттаму, ова е најголемата и единствена...

Кривични пријави против три лица за илегален превоз на мигранти

Минатата недела во три одвоени случаи, против три лица, С.Н. (39), Д.М. (26) двајцата од село Марвинци, Валандовско и С.К. (25) од село Казандол, исто така Валандовско, се поднесени кривични пријави за илегален превоз на мигранти. При акцијата се откриени 25 илегални мигранти од Сирија, еден од Судан и тројца од Сомалија. На пријавените Д.М. и С.К. судија од претходна постапка...

Приведен скопјанец за посредување во вршење проституција

Единицата за насилен криминал на СВР Скопје, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, го предаде М.Ѓ. (47) од Скопје, осомничен за посредување во вршење проституција. Во периодот од 28 јуни до 14 октомври годинава, пријавениот, откако се запознал со оштетената, ја ангажирал за делење рекламен материјал и по сексуален однос со неа, почнал да ја уценува дека има снимки од сексуалниот...

Hulumtuam: Secili mund të blejë numër të pakufizuar të pripejd-kartelave

При претресот МВР заплениле 2.500 СИМ-картички од сите мобилни оператори
Në të tre operatorët celularë nuk ka kufizime të veçanta për numrin e kartelave pripejd të cilat mund t’i ketë një person juridik apo fizik. Pas skandalit rreth kurdisjeve në festivalin “Shkupi 2014”, në të cilin u arrestuan disa veta, të cilët shfrytëzuan rreth 2500 SIM kartela, Agjencia “Meta” hulumtoi se a ka ndonjë kufizim lidhur me numrin e...

Обвинителството води предистражна постапка за случајот „Дамар“

Јавното обвинителство води предистражна постапка за случајот „Дамар“ и во тек бил процес на препознавање за да се утврди идентитетот на учесниците во инцидентот во кој беше демолиран кафе-барот, за време на прославата организирана од ЛГБТ-центарот. - Во рамки на истражните дејства, обвинителството ги повикува сведоците заради земање изјава и се врши препознавање на одредени лица кои се претходно посочени од...

Јанкулоска: Проблемот и притисокот од илегалната миграција се големи

Проблемот со илегалната миграција, поради која доаѓа до трагични последици, е глобален проблем и притисокот што го имаат земјите од ЕУ и земјите кои географски припаѓаат на Европа, вклучително и Македонија, која се наоѓа на надворешната граница на ЕУ, е голем, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, а во врска со неколкуте несреќи на железничките пруги, во кои...

Кривични пријави за двајца полициски инспектори поради пиштолот на осомничениот за трикратното убиство

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди на МВР, по извршени проверки, утврдила низа пропусти кај двајца инспектори од кавадаречката полиција, кои постапувале по пријавите за семејно насилство од жртвите на тројното убиство што се случи во неделата. Како што информираат оттаму, полициските инспектори Д.Т. и Д.К. не постапувале професионално и против нив секторот за внатрешна контрола ќе поднесе кривични...

Утре почнува обврската за носење зимска опрема во возилата кога се движат надвор од населено место

Од утре, сопстевниците на возила имаат обврска задолжително да поседуваат зимска опрема во возилата кога се движат по пат надвор од населено место. Обврската, која е пропишана со Законот за безбедност во сообраќајот, ќе биде на сила од утре, 15 ноември, до 15 март идната година, информираат од МВР. Казната за неносење зимска опрема и непридржувањето до законските прописи изнесува 15 евра. Од...

МВР проверува дали покрај „Скопје 2014“ се местеле и други фестивали

Сопственик на продукциска куќа, автор и композитор на песни, сопственик и управител на фирма која го организираше телефонското гласање на музичкиот фестивал „Скопје 2014“ и уште едно лице, се осомничени како организатори на групата што планирала местење на резултатите од гласањето на фестивалот, на кој, меѓу другото, се избираше и песна која догодина ќе ја преставува земјава на „Евровизија“. Крајната...

МВР приведе учесници од организацијата на „Скопски фестивал“

Повеќе учесници во организацијата на „Скопски фестивал 2014 година“ се повикани на информативен разговор под сомневање дека направиле измама со телефонското гласање, потврди портпаролот на МВР, Иво Котески, за новинската агенција „Мета“. Засега нема информација колку лица се повикани затоа што, според нашите информации, можно е во текот на денот да бидат повикани уште луѓе за кои ќе се појави сомнеж за...

Приведено 14-годишното момче што прободе девојка кај „Мавровка“

Четиринаесетгодишно момче е приведено под сомневање дека со нож нападна 16-годишна девојка пред трговскиот центар „Мавровка“. Од МВР велат дека девојчето и 14-годишното момче прво почнале да се караат, по што тоа со нож ѝ нанел две убодни рани во пределот на левата натколеница. На малолетното девојче му е пружена лекарска помош во Градска општа болница.

Јанкулоска: Даваат изјави, а не ги знаат прописите

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска одби да ги коментира изјавите во врска со контрадикторностите околу учеството на полицијата во минатонеделната акција на УЈП и на Пазарната инспекција во Скопје, Куманово и во Тетово. Забуната што се сoздаде во јавноста, дојде по спротивставените изјави на заменик директорот на УЈП и заменик министерот за внатрешни работи околу дали полицијата била повикана или самоволно...

Спој во електричната инсталација, причина за пожарот во зградата на Владата!?

Спој во електричната инсталација, што се случил додека се изведувале градежни работи, е првичната и неофицијална причина за пожарот што изутринава ја зафати фасадата на владината зграда, велат извори од МВР. Денеска, полициски тимови извршија увид на местото, а по анализата и вештачењето на подигнатиот материјал, и официјално ќе се знаат причините за пожарот. Од огнот, како што соопшти командирот на скопската...

Полицаец застрелан кај „Мавровка“

Во престрелка кај трговскиот центар „Мавровка“ доцна синоќа, еден полицаец е повреден. Според неофицијалните информации, во полицаецот стрелале две лица кои се дале во бегство. Полицаецот од Бит Пазар бил префрлен во болница и не се даваат информации колку се сериозни повредите. Полицијата најавува повеќе детали за денеска.

Министерот Незири ќе бара одговорност за акцијата на УЈП и на МВР

Министерот за економија Бекир Незири денеска се огласи со остра критика на синоќешната акција на УЈП и на МВР во Скопје, Куманово и во Полошко и најави дека на првата наредна седница на Владата, ќе побара одговорност од организаторите на акцијата. - Министерството за економија, но и јас како министер, сме категорично против овие акции и лично на следната седница...

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Oколу 600 матуранти од средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ викендов полагаа пробна државна матура. Тие пишуваа есеј кој е задолжителен дел од испитот по мајчин јазик, а импровизираното полагање...