fbpx
Таг: МВР

таг: МВР

Погрдни зборови и на зградата на пратеничката Буралиева

По уништувањето на влезната врата во домот на пратеничката Љубица Буралиева, на која непознати сторители напишале погрдни зборови, денеска тоа се случи и со зградата во која таа живее. Случајот е пријавен во полиција.

Мртов маж пронајден во близина на акумулацијата Калиманци

Машки труп на лице на возраст од 35 до 40 години, утринава пронајдоа мештаните на селото Дулица, во месноста Газјански мостови, на стотина метри од акумулацијата Калиманци, јави телевизија „Канал 5“. Трупот, пренесе телевизијата, се наоѓал во близина на еден од мостовите во правец кон Македонска Каменица. По дојавата, веднаш на местото на настанот излегла увидна екипа од делчевската полиција.

Момчето што го снимаше протестот со дрон,повикано на разговор во МВР

„Студентски пленум“ на твитер-профилот соопшти дека од полицијата било приведенo момчето што го снимаше студентскиот протест со дрон од птичја перспектива. Наредната информација е дека момчето било пуштено, а снимките и дронот останале кај полицијата. Од МВР за „Мета“ ја потрдија оваа информација. „Момчето сo дрoнoт е приведен вo стaницa Кaрпoш. Притисoкoт прoдoлжувa нo немa дa успеaт дa не спречaт. Oвa е...

Акција „Чекан“: Криминална група шест години царувала во Гостивар

Осумнаесет гостиварци и еден скопајанец се осомничени како членови и помагачи на криминалната група што дејстувала во западниот дел на државата, информираат од МВР. Во полициска акција под оперативно име „Чекан“, утрово се уапсени 15 членови на групата, две лица се надвор од државата, а по двајца од осомничените сè уште се трага. Пет лица се осомничени како организатори на криминалната група,...

МВР: Детонациите во Тетово и во Куманово биле надвор од полициските станици

Министерството за внатрешни работи во денешниот билтен, на својата веб-страница, официјално информираше за експлозиите што синоќа одекнале во близина на полициските станици во Тетово и во Куманово. „На 09 декември 2014 година, во периодот од 20 до 20.30 часот, во СВР Тетово и во СВР Куманово е пријавено дека се слушнале детонации во близина на полициските станици. Полициски службеници излегле на местото...

Експлозиите во Тетово и во Куманово не биле од рачни бомби

Две експлозии одекнале синоќа, една во Тетово, во близина на полициската станица, и една во Куманово, потврдуваат од полицијата. Во експлозиите нема настрадани лица, а е причинета незначителна материјална штета. Според привичните, неофицијлани информации од полицијата, не станува збор за рачни бомби (кашикари), туку за непознати експлозивни направи. За што станува збор ќе покаже вештачењето. Детонацијата во Тетово, според неофицијални информации, одекнала...

Голема полициска акција во Западна Македонија

Голема полициска акција за апсење членови на поголема криминална група, утрово се спроведува во западниот дел од зејава, потврдуваат за „Мета“ од МВР. Според полицијата, станува збор за група која се занимавала со насилен криминал, а во акцијата се уапсени и неколкумина адвокати и извршител. Во текот на акцијата, еден од осомничените стрелал во припадниците на специјалната полициска единица, но бил совладан и...

Ограбен „Валијант“, арамиите однеле вибратори, пластични вагини, козметика…

Продавницата за сексуални помагала „Валијант“, која се наоѓа во скопската населба Аеродром, вчеравечер била ограбена. Крадците зеле вибратори, пластични вагини, секс-козметика, комплети секс-помагала и други реквизити. МВР денеска извршила увид во продавницата и работи на пронаоѓање на сторителот.

СДСМ: Две АФИС-машини нема, документи ги разоткриваат Јанкулоска и врвот на МВР

Во медиумското манипулирање со доказите за аферата „Фабрика за пасоши“, Гордана Јанкулоска свесно избега од аргументите за криминал, сторен со нејзино знаење, обвини денеска на прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски. - Повеќедневниот партиски притисок и медиумската пропаганда на владините функционери, МВР и ВМРО-ДПМНЕ, врз Јавното обвинителство и здравата логика на граѓаните, го потврдија фактот дека во РМ нема независни...

Притворен скопски дилер на дрога

Дваесет и петгодишниот скопјанец Б.А. доби кривична пријава и 30 дена притвор поради основано сомневање дека сторил кривично дело, неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Како што соопшти МВР, Б.А., почнувајќи од крајот на минатата и во текот на оваа година, неовластено набавил, точно неутврдено количество наркотична дрога – марихуана, која ја држел во својот дом...

Тетово: Приведени девет странски државјанки за нелегално работење

Тетовската полиција приведе девет странски државјанки на возраст од 21 до 37 години, при контрола што ноќеска била спроведена во угостителските објекти „Баци“ во тетовското село Синичане и „Енерџи клуб“ покрај локалниот пат за Сараќино. Како што соопшти СВР Тетово, во угостителскиот објект „Баци“ се затекнати три државјанки на Албанија, две на Косово, две од Србија и една албанска државјанка...

Полицаец повреден во Драчево

Припадник на полицијата синоќа е повреден во скопската населба Драчево, при обид да интервенира во угостителскиот објект „Скоч“, по пријава за нарушување на јавниот ред и мир. Како што соопштија од МВР, 25-годишниот Е.Т. од село Батинци го повредил полицаецот во пределот на главата. Полицијата ги привела напаѓачот и останатите учесници во тепачката, против кои ќе биде поднесена соодветна пријава.

Триесет дена притвор за малолетници кои краделе од возила

Две малолетни лица од Скопје, М.Р. (15) и Е.Р. (16), добија притвор од 30 дена поради основано сомневање дека сториле вкупно 22  тешки кражби, обиди за тешки кражби и обиди за кражба. Кривичните дела пријавените ги извршиле во периодот од 20 до 24 минатиот месец, во доцните вечерни часови на подрачјето на скопската општина Центар и тоа: 13 - на улицата 50....

78 лица и пет фирми осомничени за фалсификување документи за добивање субвенции

Штипската полиција поднела кривични пријави против сопственикот и управител на фабриката БМФ - Зрновци и против уште 77 физички и пет правни лица за фалсификување или за уништување деловни книги, бидејќи внесувале поголеми количества откупена оризова арпа од реалните за да добијат поголеми суми од субвеници. Меѓу петте фирми, против кои е поднесена кривична пријава е и БМФ - Зрновци. Како што...

Странец фатен со лажна лична карта на скопскиот аеродром

Албански државјанин е осомничен дека употребил фалсификувана италијанска лична карта на скопскиот аеродром „Александар Велики“, соопшти МВР. Регионалниот центар за гранични работи Север, против В.М. (27) поднел кривична пријава за фалсификување исправа. Според полицијата, кон крајот на минатиот месец, осомничениот на граничниот премин на аеродромот, на пасошка контрола, употребил фалсификувана италијанска лична карта на име на италијански државјанин. По преземените мерки, полицијата...

Јанкулоска на селекција на кандидатите за полицајци

Денеска во 11 часот, во Центарот за обука во Идризово, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ќе присуствува на селекцијата, односно на физички проверки на пријавените кандидати по последниот објавен конкурс на МВР за преим на 400 полициски службеници.

„Фокус“ пронајде работилница за „црни пасоши“, МВР не верува!

Анонимен граѓанин до редакцијата на неделникот „Фокус“ доставил водеоматеријал на кој се гледа дека во приватен стан или куќа се изработуваат пасоши, објави денеска неделникот. Според „Фокус“, човекот кој ја направил снимката, најверојанто и самиот учестувал во групата задолжена за изработка на пасошите. Неделникот, сомневањата за работилницата за правење „црни пасоши“, што ги отвора снимката, ги поврзува со исчезнувањето на двата...

Случај „Јагула“: Петрески осомничен за нови злоупотреби

Против поранешниот градоначалник на општина Охрид, Александар Петрески, кој е на издржување мерка притвор откако минатата недела беше уапсен во акцијата „Јагула“, охридската полиција поднела уште една кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување, со која се товари дека незаконски склучил 165 договори за привремени вработувања, соопшти МВР. Со ваквите активности, според полицијата, Петрески, во периодот од декември...

Полициски инспектор осомничен дека примил поткуп од 36.000 денари

Инспектор во отсекот за економски криминалитет во СВР Битоа е осомничен дека барал и примил поткуп во износ од 36.000 денари, соопшти МВР. Против полицискиот инспкетор Н.Ц. (51), секторот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до битолското обивнителство ќе поднесе кривина пријава за примање поткуп. - Пријавениот, во својство на службено лице, со цел за себе да прибави противправна имотна...

Построги законски решенија за располагањето со службено оружје

Надлежните институции ги разгледуваат можностите за преземање мерки кои се однесуваат на построга регулатива во однос на располагањето и на ракувањето со службено оружје, информираше денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Актуелниот Закон за оружје се однесува само на оружјето што се поседува со приватна дозвола и, како што рече Јанкулоска, постои простор за построга регулатива во делот со...

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде...