fbpx

Случај „Јагула“: Петрески осомничен за нови злоупотреби

-

Против поранешниот градоначалник на општина Охрид, Александар Петрески, кој е на издржување мерка притвор откако минатата недела беше уапсен во акцијата „Јагула“, охридската полиција поднела уште една кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување, со која се товари дека незаконски склучил 165 договори за привремени вработувања, соопшти МВР.

Со ваквите активности, според полицијата, Петрески, во периодот од декември 2012 до март 2013 година, го оштетил буџетот на Општината за околу 92.000 евра.

Во врска со мотивите за извршувањето на кривичното дело, од МВР претпоставуваат дека Петрески ги склучил договорите за да го зголеми своето влијание во пресрет на локаланите избори во 2013 година, како кандидат за градоначалник.

– Во периодот од декември 2012 до март 2013 година, пријавениот, во својство на градоначалник на Општина Охрид, дејствувајќи по претходна умисла, веројатно со намера да стекне што поголемо општествено влијание како кандидат за градоначалник на Општина Охрид во пресрет на локалните избори 2013, спротивно на Законот за работни односи, противправно склучил 165 договори за привремени вработувања и вработувања со договори на дело, без за тоа да постои каква било оправдана или издржана потреба – стои во соопштението од МВР.

Тој тоа го сторил, како што наведуваат од полицијата, без соодветни барања од ракводители на сектори и други организациски единици во рамките на општинската администрација, без да постои соодветна систематизација донесена во законски пропишана постапка и без да обезбеди доволно пари во буџетот на Општината.

Со склучувањето на договорите, буџетот за 2012 година бил надминат за околу 18.600 евра, а за 2013 година – за нешто повеќе од 37.000 евра.

– Со тоа пријавениот ги пречекорил границите на неговите службени овластувања и ги прекршил одредбите од Законот за работни односи, со што ѝ нанел вкупна материјална штета на единицата за локална самоуправа Општина Охрид во износ од 5.650.496 денари, односно 92.000 евра – велат од МВР.

Од вкупниот број потпишани договори, само 23 од привремено вработените доаѓале на работа, додека останатите 145 воопшто не се појавувале на работните места.

Од МВР информираат дека во периодот до 2008 до 2012 година, и покрај блокираната сметка на Општината, Петрески вршел фиктивни вработувања на лица во туристичкото биро „Лихнидос“ и за исплата на нивните плати од управителите на бирото, кои тој ги назначувал по предходен договор, побарал да подготват 44 фиктивни фактури за извршени услуги за износ од околу 95.000 евра.

– Таквите фиктивни фактури тие ги доставувале до пријавениот Петрески, кој во својство на градоначалник на Општината, „приоритетно“, односно веднаш давал налог за нивна исплата. На тој начин, пријавениот Петрески го сторил кривичното дело за кое се товари, а врз основа исплата на фиктивните 44 фактури, предизивикал материјална штета на буџетот на Општина Охрид од 5.819.300 денари, односно 95.000 евра – соопштуваат од МВР.

Поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески, заедно со уште 15 други лица, беше приведен во рамките на полициската акција „Јагула“. Дел од осомничените по сослушувањето пред судија на предходна постапка беа пуштени да се бранат од слобода, а притвор им беше одреден само на поранешниот градоначалник Петрески и на тројца раководители на сектори од неговата админситрација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...