fbpx

„Фокус“ пронајде работилница за „црни пасоши“, МВР не верува!

-

Анонимен граѓанин до редакцијата на неделникот „Фокус“ доставил водеоматеријал на кој се гледа дека во приватен стан или куќа се изработуваат пасоши, објави денеска неделникот.

Според „Фокус“, човекот кој ја направил снимката, најверојанто и самиот учестувал во групата задолжена за изработка на пасошите.

Неделникот, сомневањата за работилницата за правење „црни пасоши“, што ги отвора снимката, ги поврзува со исчезнувањето на двата системи за отпечатоци за изработка на лични карти и на пасоши, наречени АФИС.

– Материјалот остава впечаток дека навистина некаде, на приватен имот, се изработуваат пасоши! За какви цели, не можеме да тврдиме, но може да се претпоставува. Секако, видеоснимката е вредна да послужи за истрага на јавните обвинители или како дополнување на постапкатa која трага по опремата за АФИС со месеци – пишува „Фокус“.

Од МВР денес реагираа на пишувањето на „Фокус“.

Оттаму велат дека во министерството не недостигале, ниту дека недостигаат во моментот оригинални обрасци, а до нив не стигнала никаква пријава дека некој злоупотребувал фалсификувани обрасци за каква било потреба.

– МВР се надева дека „алармирањето“ на „Фокус“ не е по нечиј налог, туку дека навистина постојат докази и сомневања дека некој фалсификувал и злоупотребувал македонска патна исправа. Остануваме отворени и го охрабруваме „Фокус“ да ги приложи доказите и сомневањата за да се оттргнат сите дилеми за тенденциозни и несериозни монтажи и измислени обвинувања – стои во соопштението на МВР.

Во истото соопштение е наведено дека македонските пасоши од втората генерација биле меѓу водечките во Европа со повеќе од 20 елементи на заштита.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...