fbpx

Построги законски решенија за располагањето со службено оружје

-

Надлежните институции ги разгледуваат можностите за преземање мерки кои се однесуваат на построга регулатива во однос на располагањето и на ракувањето со службено оружје, информираше денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Актуелниот Закон за оружје се однесува само на оружјето што се поседува со приватна дозвола и, како што рече Јанкулоска, постои простор за построга регулатива во делот со располагањето со службено оружје.

– Владата веќе најави една иницијатива во однос на која постапуваме и очекувам многу бргу сите институции, а ги има повеќе во државата каде што вработените ракуваат со оружје, да спроведат анализи на интерните прописи и процедури, регулативата која ја регулира нивната работа и да се предложат решенија што ќе значат дополнителна превентивна активност – изјави Јанкулоска.

Во врска со тројното убиство во Злетово, таа вели дека во последниот период евиденто е зголемувањето на насилството, особено на семејното, а она што МВР го прави во врска со ваквите случаи е преземање системски мерки и промоција на нетолеранцијата на ваквиот тип однесување.

– Доколку вработен во МВР стори кривично дело со елементи на насилство или добиеме какви било сознанија или информациии дека заради кои било околности во неговиот приватен живот постои можност да стори кривично дело со елементи на насилство, тогаш вработениот подлежи на дисциплински мерки кои подразбираат негова суспензија и раздолжување со личната опрема и вооружување – рече Јанкулоска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...