fbpx

Приведен скопјанец за посредување во вршење проституција

-

Единицата за насилен криминал на СВР Скопје, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, го предаде М.Ѓ. (47) од Скопје, осомничен за посредување во вршење проституција.

Во периодот од 28 јуни до 14 октомври годинава, пријавениот, откако се запознал со оштетената, ја ангажирал за делење рекламен материјал и по сексуален однос со неа, почнал да ја уценува дека има снимки од сексуалниот чин и ја принудувал да имаат сексуални односи. Подоцна ја вработил во негов колонијал и врз основа на закани дека ќе ги покаже видеоснимките од сексуалниот чин на нејзините блиски, а воедно прикажувајќи ѝ дека ќе ја заштити од трето лице кое има намера да ја грабне и силува, во наведениот период со употреба на сила и со сериозни закани, ја врбувал и поттикнувал да дава сексуални услуги на клиенти, во стан кој бил во сопственост на неговиот брат.

За услугите, соопшти денеска МВР, биле наплаќани парични средства во висина од 1.000 до 2.000 денари. По извесно време, кога оштетената сакала да се откаже од давањето сексуални услуги, пријавениот физички ја нападнал нанесувајки ѝ повреди по целото тело.

Настанот од оштетената е пријавен СВР Скопје, по што се преземени сеопфатни мерки и активности и врз основа на судска наредба од Основен суд Скопје 1, извршен е претрес во домот на пријавениот, каде се пронајдени повеќе докази и тие се одземени за понатамошна постапка.
Извршен е службен разговор со пријавениот, како и со лица што ги користеле сексуалните услуги на оштетената, а за кои му плаќале на пријавениот.

Во изминатиот период против М.Ѓ. се поднесени повеќе кривични пријави во врска сторени кривични дела како тешка кражба, обид за тешка кражба во обид, измама, силување, фалсификување пари и недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Експанзијата на Елден Ринг најавена за 20 јуни, преднарачки може да се прават уште сега

Експанзијата на Елден Ринг „Shadow of the Erd Tree“ е најавена за 20 јуни, но преднарачки на Steam може да се прават уште сега. Ви ја препорачуваме основната верзија...