fbpx
Таг: МВР

таг: МВР

Се шират невистини дека Вања била жртва на трговија со органи

Според официјалните информации добиени од истрагата на МВР и ОЈО и исказите на осомничените во врска со убиството на малолетничката од Скопје, Вања Ѓорчевска била грабната и убиена со огнено оружје, а со цел да се изнудат пари за откуп од член на нејзиното потесно семејство. Нема никаква трговија со органи, ниту пак, некој криел такво нешто, како што...

МВР: Немало обид за киднапирање малолетничка во Карбинци, случајот е расчистен

Нема кривично дело во случајот во основното училиште во Карбинци, утврдиле СВР Штип во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје - Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево, а во координација со Основното јавно обвинителство Штип. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи,...

Стефан Димковски, кој го возел Палевски до Турција, доби кривична и 30-дневен притвор

Скопското јавно обвинителство побара 30-дневен притвор за Стефан Димковски по поднесената кривична пријава од МВР, а Кривичниот суд во Скопје го прифати барањето на обвинителството за 30-дневен притвор за лицето кое со возило го превезе Љупчо Палевски-Палчо од Белград до Турција за да избега од прогон за двојното убиство во земјава. Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека уште вчера...

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со различни аршини за дезинформациите околу двојното убиство

Кратка анализа на јавната комуникација на двете главни политички партии од власта и опозицијата околу двојното убиство што ја потресе земјата, покажува разлики меѓу двете партии: СДСМ, сепак, делуваше поодговорно, додека ВМРО-ДПМНЕ – дури и ако се земе предвид легитимитетот на опозицијата да поставува прашања или предизборниот период – ја занемари одговорноста кон јавноста и придонесе наместо за смиреност,...

Уапсен 27-годишен маж за убиство во Крива Паланка

Одделот за криминалистичка полиција-сектор за општ и насилен криминал, во содејство со СВР Куманово-ОВР Крива Паланка, лишен е од слобода С.Д. (27) од Крива Паланка, кој се сомничи дека сторил кривично дело „убиство“ врз М.Д. (76) од Крива Паланка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 21 ноември, по извршена обдукција на телото на М.Д., кој бил пронајден починат во...

Скопјанец со кривична пријава, на Фејсбук злоупотребил лични податоци на сопругата

Ги злоупотребил личните податоци на сопругата за да напише коментари со навредлива содржина на Фејсбук профилот на сестрата на неговата сопруга. Поради ова, 40 годишен маж заработи кривична пријава за злоупотреба на лични податоци, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.П.(40), поради постоење основи на сомнение за...

МВР контра Јанушев: Не е точно дека пред пет дена е пријавено убиството на Вања

Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево се огласи со демант на наводите што ги изнесе Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, кој на партиска прес конференција денеска кажа дека „Во СВР Скопје официјално е заведено дека станува збор за Палчо уште пред 5 дена!“ „МВР најостро ги демантира лагите кои денеска на прес конференција беа изнесени од страна на Игор Јанушев...

МВР: Против Палевски биле поднесени серија кривични и прекршочни пријави од 2000 година наваму

Министерството за внатрешни работи преку соопштение информираше дека против Љупчо Палевски, кој е осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, во минатото се поднесени најмалку пет кривични и неколку прекршочни пријави. „Ја информираме јавноста дека во 2019 година е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање, а во текот на 2019 година поднесени се...

Првоосомничениот Љ.П. поврзан со убиството на Вања е во бегство, тројца вечерва ќе бидат спроведени во „Шутка“

Во околината на Скопје денеска беше пронајдено безживотното тело на 14-годишната Вања Ѓорчевска, додека во околината на Велес е пронајдено телото на 74-годишниот Панче Жежовски кој беше пријавен за исчезнат на 24 ноември. Жежовски беше претседател на Унијата на ветерани на партијата Единствена Македонија. Неодамна излезе на прес-конференција, со поддршка до пензионерите за нивните барања за линеарно зголемување на пензиите....

Пронајдено безживотното тело на 14-годишната Вања Ѓорчевска

По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска (03.12.2023) во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, соопштија МВР и обвинителството. Воедно, во околината на Велес е пронајдено и телото на Панче Жежовски (74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат,...

МВР: Лажна е веста објавена на „Курир“ дека исчезнатото девојче е пронајдено во друга држава

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите објавени на порталот „Курир“ дека 14-годишната В.Ѓ., за која на 27 овој месец беше пријавено дека исчезнала, наводно е пронајдена во соседна држава. "Станува збор за комплетно лажна вест во која непознатиот автор се повикува на наводни „извори од истрагата“, а притоа со Одделот за односи со јавност при Министерството за внатрешни работи...

Спасовски пред самитот на ОБСЕ: МВР е подготвено, ова е сериозен предизвик за службата и за државата

Службите ги преземаат сите потребни мерки и активности, дел од делегациите се пристигнати а состојбата е редовна. Ваква информација добил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од началникот на Одделот за заштита на определени личности и објекти, Александар Нацевски, кој е носител на активноста поврзана со организирање и координирање на мерките и активностите за безбедно одржување на Министерскиот совет...

МВР ги објави улиците кои ќе бидат затворени утре и задутре

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 29.11.2023 (среда) од 13 часот, па сѐ до завршување на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година на 30.11.2023 (четврток), кој ќе се одржува во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, за сообраќај ќе бидат затворени булеварот „Илинден“ од крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“...

Ни трага ни глас од исчезнатото 14-годишно девојче, лоциран е само последниот сигнал од телефонот

Цела вечер родителите на 14-годишната Вања, која вчера исчезна околу 7.30 часот изутрина, кога се упатила накај училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“, ја поминале во полициската станица „Беко“. И за медиумите мајката Зорица потврдува, а и од Министерството за внатрешни работи (МВР) додаваат дека се вложуваат сите напори да се најде девојчето. Досега е разговарано со нејзините пријатели, роднини, извршен е...

МВР: Граѓаните да ги искористат термините за лични документи во Скопје утре и задутре

Пунктовите за издавање лични документи утре и задутре (29 и 30 ноември 2023 година) ќе работат со полно работно време, така што граѓаните кои имаат закажано термини ќе треба да ги искористат истите, информира Министерството за внатрешни работи. Закажаните термини за граѓаните ќе бидат реализирани. Владината одлука за неработните денови за државната и јавната администрација нема да важи за службите...

И викендов ќе може да се сликате за лични документи во „Пролет“

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги известува граѓаните дека пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет” во Скопје ќе работи и на 25.11.2023 (сабота) и 26.11.2023 (недела) од 08 до 16 часот. „Граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување. Исто така, во...

Приведен вработен во Државен пазарен инспекторат поради примање поткуп во радовишко

Инспектор вработен во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), инаку од радовишкото село Подареш, вчера бил лишен од слобода од страна на полицијата во Радовиш. Тој е приведен поради сомнение за сторено продолжено кривично дело „примање поткуп“. Инспекторот бил вработен во ДПИ во Одделението за инспекциски надзор Струмица со градовите Гевгелија, Валандово и Радовиш. Тој вчера од двајца жители на радовишко примил 3.000...

Скопјанка измамена на Фејсбук, ѝ ветил дека ќе најде работа за син ѝ во Германија

Жена од Скопје вчера во полиција пријавила дека е измамена од лице кое се претставувало како посредник за работа во странство, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). Според пријавеното, 53-годишната скопјанка стапила во контакт со лицето преку социјалната мрежа Фејсбук, каде тој ѝ ветил оти ќе пронајде работа во Германија за нејзиниот син. Во периодот од 12 октомври до 10 ноември,...

МВР поднесе кривична пријава против тројца полицајци, претепале крадец

Против тројца полицајци е поднесена кривична пријава поради сомнение дека сториле кривично дело со неовластена и прекумерна употреба на сила против крадец во Скопје, кој се здобил со тешки телесни повреди, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). „Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и...

Во Прилеп отворен ИКТ Центар за чување и заштита на податоци на граѓаните

Околу 11 милиони евра се инвестирани во нов ИКТ Центар за чување и заштита на податоци и опоравување од катастрофи во Прилеп. Во негова посета денеска беа премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски, Оливер Спасовски и Благој Бочварски. Средства за овој проект се обезбедени преку ИПА програмата на ЕУ и од...

Пријави ја твојата песна – конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ“ отворен до 31 мај

До 31 мај, младите музичари имаат прилика да учествуваат на конкурсот за доделување на наградата „Милан Младеновиќ“ кој во чест на фронтментот на легендарната рок група Екатерина Велика (ЕКВ)...