Таг: МВР
таг: МВР
Сопружници од Србија се степале во кола, па мажот ја исфрлил покрај автопат во Демир Капија
Србинка била најдена повредена покрај коловозната лента на автопатот А1 на делницата од Демир Капија до Неготино, после наплатната станица „Демир Капија“. Како што информира Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од ОВР Неготино ја пронашле С.М.(49) од Србија, која била со повреди на телото, откако претходно физички се пресметала со сопругот во нивниот автомобил.
Во разговор со македонската полиција,...
Спречен шверц на јагниња од Македонија во Албанија
Спречен бил нелегален извоз на 63 јагниња кои од Македонија требало да завршат во Албанија, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Во координирана акција со инспекторите од МВР, возилото со кое се транспортирале јагнињата било стопирано од полициски службеници во Струга и по спроведена контрола од инспекторите на АХВ, утврдено било дека станува збор за 63 јагниња кои не...
Убиство од автомобил во движење во Тетово
Вчеравечер во Тетово било убиено лице во своето возило - тој бил застрелан од лица кои биле во автомобил во движење, потврдува Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Во 20.35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул. Штипска едно лице, кое било со возило марка мерцедес пукало кон возило марка БМВ во кое било лицето со иницијали Р.Т., кое...
48 годишен скопјанец физички ја нападнал поранешната сопруга
Жена била физички нападната од својот поранешен сопруг на подрачјето на општина Центар, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).
„На 01 јули во 21 часот во СВР Скопје, 26 годишна жена од Скопје пријавила дека на 25.06.2024 во 12 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг, Д.И.(48) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе...
Филков во Идризово по вчерашниот инцидент: Состојбата во затворите е алармантна
Состојбата во затворите е алармантна. Ресоцијализација и рехабилитација со лоши услови во затворите не може да има. Вака коментира новиот министер за правда Игор Филков, по денешната посета во затворот Идризово, откако вчера се случи инцидент во затвореното одделение Амбуланта, каде беа повредени припадници на затворската полиција и затвореници.
„На 26.06.2024 во 13.10 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор...
Жена ограбила обложувалница во Ростуше
Приведена е 56-годишната В.Т. од селото Ростуше – се сомничи дека ограбила спортска обложувалница.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), вчеравечер околу 19 часот и 30 минути, жената одзела пари од дневниот промет од обложувалница во гостиварско Ростуше.
Дваесетина минути подоцна, полицијата ја лишила од слобода на локален пат за селото, а парите биле пронајдени и вратени на сопственикот.
МВР...
Приведен косовски државјанин поради давање поткуп
Поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“, вчера околу 16 часот и 30 минути на Граничниот премин Долно Блаце, полицијата го привела 42-годишниот Б.П. од Косово, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
При пасошка и гранична контрола на возило „опел зафира“ со косовски национални ознаки, кое приведениот го управувал, тој со документите дал и пари како поткуп за да...
Приведен жител на радовишко, не застанал на знак за запирање и се обидел да удри во полицаец
Ноќеска околу 2 часот на автопатот А1, во близина на село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници го лишиле од слобода 43-годишниот Б.К. од радовишкото село Злеово.
Половина час претходно, на регионалниот пат помеѓу селата Прдејци и Смоквица, тој со автомобил со штипски регистарски ознаки не застанал на знак на запирање даден од полициски службеници, по што со возилото се обидел да...
Ограбил продавница во Скопје, при бегање паднал па завршил во болница
Откако со пиштол и нож ограбил продавница, при обидот да избега паднал и се повредил, по што сопственикот на продавницата го совладал и повикал полиција. Настанот се случил вчера попладне на подрачјето на Општина Карпош во Скопје.
„На 30.05.2024 во 17.40 часот во СВР Скопје, К.К.(52) од Скопје пријавил дека околу 16.40 часот во неговиот продажен објект на подрачје на...
Кривична пријава против охриѓанец и бугарска државјанка, мамеле повозрасни граѓани дека нивни блиски имале сообраќајка
Секторот за внатрешни работи Охрид (СВР Охрид) поднел кривична пријава против 58-годишната Е.И.В. од Република Бугарија и 41-годишниот А.Т. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“.
Како што соопштија од СВР Охрид, бугарската државјанка заедно со уште едно лице, во периодот од 30 април до 13 мај годинава, телефонски се јавувале кај повозрасни граѓани на...
Едно лице убиено, а уште две повредени во пукање на „Пластичарска“
Едно лице загина, а две се повредени во престрелка со огнено оружје која синоќа околу полноќ се случила на булеварот „Никола Карев“, познат како „Пластичарска“ во Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
Убиениот е 29-годишен скопјанец, кој со повреди бил однесен на комплексот клиники „Мајка Тереза“ заедно со уште едно 19-годишно лице, по што починал.
Претходно уште едно лице било...
Кривична пријава против вработена во СВР Скопје, примала мито од 12.500 евра
Поднесена е кривична пријава против 41-годишната И.М. од селото Буковиќ во скопската општина Сарај, а која била вработена во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела измама, информираше денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).
Полицијата постапувала по пријава од три оштетени лица, а вработената во СВР Скопје вчера била фатена во моментот на примање на 12.500...
Закани кон претседателката на Уставен: Импровизиран кревет и кујнски нож во гаражата на Кацарска
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, вчера во полиција пријавила дека добила закани по својот живот, откако во нејзиното гаражно место пронашла импровизиран кревет и кујнски нож. Ножот бил забоден на прекинувачот за светло.
„На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран...
Запален службениот автомобил на директорот на затворот Идризово
Утрово околу 3 часот и 30 минути по полноќ, во полициската станица во скопската општина Кисела Вода било пријавено дека е опожарено паркирано возило во сопственост на затворот Идризово, кое го користел директорот на установата Зоран Јовановски.
Од пожарот, како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), бил зафатен дел од фасада на зграда, како и предмети на балкони...
Двојно убиство на брачен пар во Стајковци, осомничениот пронајден со убоди и е хоспитализиран
Денеска во 12.30 часот во село Стајковци, скопско, по пријава во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, биле пронајдени лицата С.К. (57) и нејзиниот сопруг В.К. (64) на терасата и на скалите во својот дом со повреди на главата, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).
Лекар од Итна медицинска помош на местото констатирал смрт кај С.К., додека В.К. бил пренесен...
Гласањето е мирно и без проблеми, МВР не регистрира посериозни нарушувања на редот и мирот
Министерството за внатрешни работи не регистрирало посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето за парламентарните и претседателските избори денеска. Како што информира портпаролот на МВР Тони Ангеловски, граѓаните гласаат мирно и без проблеми.
„Од отворањето на гласачките места до 11 часот регистрираме две пријави за поставен штанд на политичка партија во близина на гласачко место во...
Тошковски: Ќе одговара секој кој незаконски ќе влијае во текот на изборниот ден
МВР ги има сите човечки капацитети, технички ресурси потребни за да гарантираме еден фер и демократски изборен процес и притоа македонскиот граѓанин слободно, врз основа на сопствено убедување си го оствари своето право на глас, а секој еден кој ќе се обиде на незаконит начин да влијае било како во рамки на овој изборен ден треба да му биде...
Паланчанец делел бонови за гориво за време на предизборниот молк
За време на предизборниот молк Министерството за внатрешни работи (МВР) регистрирало неколку случаи, за кои информира дека се преземени и соодветни мерки од полициски службеници. МВР добило пријава за лице од Крива Паланка, кое на повеќе граѓани од овој град им делело бонови за точење на гориво на бензинска пумпа.
„Извршен е претрес на простории на бензинската пумпа, каде во...
Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра
С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР.
Според пријавеното, едното лице се претставило дека е од Обединети Арапски Емирати кое разбира малку српски јазик и побарало од С.А. да им преведе од албански на српски јазик околу наводна сообраќајна незгода...
МВР: Гласачки ливчиња се фотографирале и во Штип и Сопот
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти за нови случаи во кои се фотографирале гласачки ливчиња во текот на денешното гласање.
Во 14 часот било пријавено дека на избирачко место во Штип, М.Ш. (23) го фотографирал гласачкото ливче.
Во штипско е регистриран уште еден ваков случај, поради што полициски службеници го привеле Г.Ј. (34) од селото Тработивиште.
Во 15.30 часот било пријавено дека...