fbpx

Спасовски: Има нови аспекти за двојното убиство, се обезбедуваат докази

Прашан за тоа дали ќе се кандидира за претстојните претседателски избори, Спасовски не даде директен одговор

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) постапува и понатаму во врска со случајот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Има и нови аспекти кои мора да се анализираат. Треба да се обезбедат докази и информации. За сè што ќе побара Јавното обвинителство ние максимално ќе постапиме. Ова го изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во гостувањето на „Слободен печат“.

„Ова е случај кој ја тангира јавноста и сите нас. Ова што се случи е една сериозна трагедија, но е и случај кој во ниту еден момент не треба да се злоупотребува во политички или други цели. Имаше многу дезинформации и лажни вести кои се проширија. Постојат стандардни и оперативни процедури по кои се водат сите овие случаи и истраги и затоа реагираме на секоја објава која претставува невистина. Полицијата ефикасно и посветено работеше на овој случај. Сите кои беа вклучени во истрагата и кои од самиот почеток па до денес работеа многу посветено, без штедење, за да се разоткрие вистината. Сите активности кои се преземени се за почит“, рече Спасовски.

Оливер Спасовски не откри дали ќе се кандидира за претседател на претстојните претстедателски избори.

„Ова е предизборен период и е нормално во рамки на партијата да се прават стратегии, да работат органите на партијата зашто има многу отворени прашања. Ќе се врши избор на кандидати, ќе се подготвува платформата со која ќе настапиме. За мене е важно да се подготвиме на најдобар можен начин, да избереме кандидати кои ја имаат довербата кај граѓаните. Знаеме каде сакаме да стигнеме и постигнеме. СДСМ има исклучително добри кадри кои заслужуваат да бидат на врвни позиции. Посакувам да имаме што е можно повеќе луѓе, за да можеме да го избереме најдобриот“, рече Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...