fbpx

МВР: Немало обид за киднапирање малолетничка во Карбинци, случајот е расчистен

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот пријавен од директорката на основно училиште Карбинци за наводен обид за грабнување на ученичка, е комплетно расчистен и документиран, при што е утврдено дека нема елементи на кривично дело

-

Нема кривично дело во случајот во основното училиште во Карбинци, утврдиле СВР Штип во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево, а во координација со Основното јавно обвинителство Штип. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот пријавен од директорката на основно училиште Карбинци за наводен обид за грабнување на ученичка, е комплетно расчистен и документиран, при што е утврдено дека нема елементи на кривично дело.

„Веднаш по добивањето на пријавата полициски службеници излегоа на терен, преземени се низа оперативно-тактички мерки и дејствија во координација со Јавен обвинител од штипското обвинителство, извршени се разговори со лица кои биле сведоци на случајот во присуство на родители, но и со претставници на училиштето, а по преземени активности беше пронајден и 20-годишникот со кој беше извршен службен разговор во врска со случајот. Притоа, од сите реализирани дејствија и прибавени докази не се утврдени основи за постоење на кривично правен настан“, информираат од МВР.

Целокупниот доказен материјал од преземените мерки и активности со соодветно известување ќе биде доставен до надлежното Основно јавно обвинителство и Центарот за социјална работа Штип за нивно понатамошно постапување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Електрификацијата на пругата кон Косово падна во заборав

Долгонајавуваната електрификација на пругата кон Косово не се случи ниту во овој мандат на Владата предводена од социјалдемократите. Веќе три години не сообраќа ниту патничкиот воз Скопје – Приштина...