fbpx

Запленети повеќе од 4,3 тони марихуана вредни над 10 милиони евра во гостиварско

Марихуаната била одземена по донесена Одлука на Владата на РСМ за одземање на Одобрението за одгледување на канабис за медицински цели на правно лице поради констатирани неправилности во работењето

-

Денеска во полицијата и надлежен обвинител, а по издадена наредба од гостиварскиот суд била одземена марихуана во вкупна количина од 4.341 килограми, вредна над 10 милиони евра, извести МВР.
Марихуаната била одземена по донесена Одлука на Владата на РСМ за одземање на Одобрението за одгледување на канабис за медицински цели на правно лице поради констатирани неправилности во работењето.
„Во изминатиот период од страна на полициски службеници од Одделот за крим полиција и ОВР Гостивар во координација со Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели беше извршена вонредна контрола при што се констатирани бројни неправилности во работењето, за што од страна на ОВР Гостивар до ОЈО Гостивар е поднесена кривична пријава по член 95 в од Законот за контрола на опојни дроги“, соопшти МВР.
По донесувањето на одлуката на Владата на РСМ, 4.341 килограми наркотична дрога марихуана е одземена и сместена во Агенција за управување со одземен имот.
Од МВР велат дека заедно со Комисијата од Министерството за здравство и во иднина ќе продолжат со контроли во правните лица кои поседуваат одобренија за одгледување на канабис за медицински цели со цел утврдување на евентуални неправилности во работењето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...