Таг: ЕУ

таг: ЕУ

Османи во Брисел: Не сме директно на бојното поле, ама сепак сме на бојно поле од наративи и дезинформации

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во Брисел учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија и на земјите од Западен Балкан во рамки на Советот за надворешни работи, со кој заседаваше Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел. Во фокусот на разговорите, како што соопштуваат од МНР,...

Сојуз на средношколци: Ученичкиот глас е многу важен за граѓанското општество

Бидејќи сè уште Собранието ги нема донесено нашите предложени измени на Законот за средното образование за воведување на средношколска демократија, Сојузот на средношколци како членка-кандидат се обрати до Организирачкото биро на европските средношколски сојузи (OBESSU), т.е. до европската организација на средношколци. Нашите европски партнери и соработници кон нас упатија писмо за поддршка, соопштуваат во Сојузот. „Во писмото тие упатуваат порака кон целата држава: „Очите на...

Министрите за транспорт и директори на царински служби на Самитот за поврзаност во Будва

Транспортната поврзаност ја поттикнува соработката меѓу земјите од Западен Балкан и земјите од Европската Унија, промовираат економски можности и имаат позитивен ефект врз стандардот на граѓаните од регионот. Ова беше еден од заклучоците на Самитот за поврзување 2023, кој се одржа во Будва на 15 и 16 мај, во организација на ЦЕФТА и Транспортните заедници. На настанот учествуваа министрите...

Ковaчевски се сретна со новиот дирeктор на ЕК за соседство и преговори за проширување

Европската Унија очекува брз развој на регионот и силно ја поддржува Република Северна Македонија во следниот чекор на евроинтеграциите. Таква порака, како што соопшти македонската влада, упатиле Герт Јан Купман, новиот генерален директор за соседство и преговори за проширување од Европската комисија (ЕК) и со Микела Матуела, вршителка на должност директорка за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и...

Коридорот 8 вметнат во мапата на главните коридори во рамки на ТЕН-Т мрежата на ЕУ

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска го потпиша Анексот на Одлуката на Европската комисија - „Разбирање на високо ниво помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија за индикативните карти на Транс-европската транспортна мрежа во Република Северна Македонија“, со кој Коридорот 8 станува дел од мапата на главни коридори на Западен Балкан, во рамки на проширувањето на Транс-европските...

ЕУ со зелено светло за преземањето на „Активижн“ од „Мајкрософт“

Регулаторите на ЕУ го одобрија обидот на „Мајкрософт“ за 69 милијарди долари да ја купи американската компанија „Активижн близард“, која е една од најголемите компании за видео-игри, пишува Би-Би-Си.  Од Европската комисија (ЕК) потврдија дека „Мајкрософт“ соодветно одговорил на нивната загриженост во однос на прашањето за конкурентност. Имено, станува збор за најголем договор што е склучен во историјата на видеоигрите. Ваквата...

Гир: Загриженоста за користењето европско знаменце е кога нема усогласување со европската регулатива

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир денеска реагираше дека земјава не може да го користи системот „европско знаменце“ при донесувањето на закони во Собранието, во случаи кога се усвојуваат законски решенија што не се во согласност со регулативата на ЕУ. Гир рече дека системот „европско знаменце“ при усвојувањето на закони во Собранието е дизајниран да се користи кога треба...

Под знамето на ЕУ

Да ги погледнеме најпрвин здодевните формалности: Деловникот на Собранието на Република Македонија воведе посебни одредби за закони со кои се врши усогласување со законодавството на ЕУ со измените од 2008 година. Суштествените одредби се однесуваа на тоа дека на пратениците со предлогот на законот требаше да им се дадат информации и да им биде образложено какво е усогласувањето. Попрецизно, содржината...

Објаснувањето на Груби за европското знаменце на законите за автопатите е контрадикторно

Не постои никаква логика европското знаменце да биде ставено затоа што ЕУ ги вброила коридорите 8 и 10 во геостратешки коридори. Впрочем и Делегацијата на ЕУ кажа дека не мисли така. Освен тоа, и самото наведување дека цената ќе била поевтина со измените е дискутабилно, зашто договорот нема превидено точна цена на изградба, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу...

Ревизорите открија: постојната депонија во Свети Николе се пали и ја загадува околината

Општина Свети Николе веќе подолго време се противи на изградбата на современа регионална депонија по европски стандарди на нејзината територија, а во меѓувреме Државниот завод за ревизија откри дека постојната општинска депонија е надвор од било какви стандарди за управување со отпадот. Ревизорите извршиле увид на лице место на постојната депонија „Мавровица“ во Свети Николе, при што е утврдено дека...

Заинтересираноста на студентите за програмата Еразмус е сé поголема [инфографик]

Заинтересираноста на студентите на Универзитетот во Тетово (УТ) и Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) за размена надвор од државата преку програмата Еразмус+ секоја година сé повеќе се зголемува, велат универзитетите и статистиките на студентите-учесници во овие размени. Голема заинтересираност има и на државно ниво. Студентите кои го поминале ова искуство, го оценуваат Еразмус како „испит“ што треба да го...

Европска куќа отворена во Офицерскиот дом во Битола

И Битола доби Европска куќа, која е лоцирана во Офицерскиот дом кој беше реставриран преку проектот за локална и регионална конкурентност. Во рамките на одбележувањето на Денот на Европа од страна на Делегацијата на ЕУ во земјава, денеска беше отворен овој европски дом, во кој младите битолчани во наредните години ќе создаваат важни мрежи за создавање партнерства на младите...

Не е вистина дека ЕУ го забранила увозот на украинска пченица во пет земји членки

Во постот што го рецензираме неточно се тврди дека ЕУ го забранила увозот на пченица од Украина во некои од земјите членки. Напротив, ЕУ се спротивстави на едностраните одлуки на Полска, Унгарија, Словачка, Романија и Бугарија привремено да го забранат увозот на житарки од Украина заради заштита своите земјоделци, по што на 28 април постигнаа заемно прифатлив договор. Со...

Не е точно дека ЕУ се бори да им ги одземе родителските права на унгарските родители

Европските институции не се против заштитата на децата од педофилија и од сексуално злоставување, туку против тоа што со контроверзниот Закон за заштита на децата во Унгарија се дискриминира ЛГБТ заедницата. ЕУ не се бори да им ги одземе правата на унгарските родители и не ја обвинува лажно унгарската влада за донесување дискриминаторски, хомофобични закони, како што се тврди во...

Османи во Брисел: Напред кон Европа или назад кон поделби и залудно изгубено време

Напред кон Европа со повеќе интеграција долж патот до полноправно членство или назад повторно кон поделби и залудно изгубено време, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи од Брисел, каде денеска се обрати пред членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент и на чија агенда беше пристапниот процес на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ). Османи говореше за...

Украинска амбасада: Да се прошират санкциите против рускиот нуклеарен енергетски сектор

На годишнината од несреќата во АЕЦ Чeрнобил, се сеќаваме на страшните последици од најголемата вештачка катастрофа од 20. век и го почитуваме споменот на сите загинати лица и хероите спасувачи кои по цена на сопствениот живот и здравје учествуваа во отстранувањето на последиците од несреќата, се вели во соопштението од Украинската амбасада. Во него стои дека трагедијата во АЕЦ...

Ковачевски во Виена: Северна Македонија да се оценува исклучиво според резултатите, без нови политички барања

Единствените фактори според кои треба да се оценува Северна Македонија на патот кон Европската Унија се резултатите и завршните постапки за скрининг процесот и стандардите. Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски во рамките на својата работна посета на Австрија, каде присуствуваше и имаше предавање на Дипломатската академија Виена. Во своето предавање на конференцијата на тема „Почеток на пристапни преговори со...

САД не спровеле пуч во Украина во 2014 година

Наспроти тврдењето во постот САД не спровеле пуч во Украина во 2014 година, ниту пак, ги организирале протестите. Демонстрациите кои почнаа во Киев во ноември 2013 година беа резултат на фрустрацијата на граѓаните на Украина, поради одлуката на поранешниот претседател Виктор Јанукович во последен момент да ја смени насоката и после 7 години преговарања да не го потпише договорот...

Внимавајте каде аплицирате за ЕТИАС, Фронтекс предупредува за 50 различни веб страници

Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС) ги предупредува граѓаните дека постојат 50 различни веб страници на Системот за информации за патување и овластување на ЕУ (ЕТИАС) кои се на повеќе јазици, при што не сите се безбедни за користење за граѓаните. Како што е познато, ЕТИАС ќе стартува во 2024 година и ќе важи и за македонските...

Ќе се работи на нов Изборен законик и исполнување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР

Министерството за правда денеска информираше дека е формирана работна група за реформи во изборното законодавство, која ќе треба да ги имплементира препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Паралелно со ова, од министерството велат дека ќе се работи и на нов Изборен законик. „Овој процес е инклузивен и во него се вклучени претставници на политички партии, невладини организации, синдикати, министерства и надлежни органи за...

Старо видео од говор на Путин залепено на неговите нови закани против Западот

Во рецензираната објава се пропушта контекстот. Стар говор на Путин од 2022 година, со поинаква содржина, која се однесува на Крим, се става во актуелен контекст како небаре да...