fbpx

Украинска амбасада: Да се прошират санкциите против рускиот нуклеарен енергетски сектор

Советската кампања на дезинформации и лаги резултираше со бројни човечки жртви и ги загрози животите и здравјето на милиони луѓе ширум светот, наведено е во соопштението на Амбасадата

-

На годишнината од несреќата во АЕЦ Чeрнобил, се сеќаваме на страшните последици од најголемата вештачка катастрофа од 20. век и го почитуваме споменот на сите загинати лица и хероите спасувачи кои по цена на сопствениот живот и здравје учествуваа во отстранувањето на последиците од несреќата, се вели во соопштението од Украинската амбасада. Во него стои дека трагедијата во АЕЦ Чернобил ја разоткрила злосторната природа на советскиот режим, кој молчел и се обидувал да ги сокрие вистинските размери и последици од несреќата.

„Советската кампања на дезинформации и лаги резултираше со бројни човечки жртви и ги загрози животите и здравјето на милиони луѓе ширум светот. Благодарение на консолидираните напори и соработката со меѓународната донаторска заедница, беше можно да се постигне значителен успех во надминување на последиците од оваа невидена катастрофа заради безбедна иднина и одржлив развој на човештвото“, наведено е во коментарот од Амбасадата.

Оттаму сметаат на зголемен меѓународен притисок, за што поскоро да се ослободи окупираната АЕЦ Запорижја и да се врати контролата на Украина врз сите мирни нуклеарни постројки и материјал во меѓународно признатите граници на нашата држава.

„Ја повикуваме меѓународната заедница да преземе бескомпромисни и решителни чекори насочени кон обезбедување на политички, економски и правни последици за руската федерација, вклучително и проширување на санкциите против рускиот нуклеарен енергетски сектор, вклучително и за директна вмешаност на државниот концерн „росатом“ во злосторства во АЕЦ Запорижја“, наведено е во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...