fbpx

Османи во Брисел: Напред кон Европа или назад кон поделби и залудно изгубено време

„Подготвени сме за постигнување консензус меѓу политичките партии за клучните области од реформите и европската агенда“, истакна Османи

-

Напред кон Европа со повеќе интеграција долж патот до полноправно членство или назад повторно кон поделби и залудно изгубено време, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи од Брисел, каде денеска се обрати пред членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент и на чија агенда беше пристапниот процес на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ).

Османи говореше за „историскиот исчекор“ кој нашата држава го направи со отпочнувањето на пристапните преговори минатата година, за што рече дека била потребна политичка храброст со цел остварување на првата зацртана стратешка цел на земјава – членство во ЕУ во интерес на граѓаните.

Македонскиот шеф на дипломатијата додаде оти многумина сè уште не се убедени дека е донесена вистинската одлука и оти заедничка цел треба да биде овие страни да се убедат дека граѓаните наскоро ќе имаат шанса да ја почувствуваат конкретната корист од трансформацијата која претстои.

„Потполно сум свесен за дилемите и стравовите на моите сограѓани дома. Ги почитувам и постојано се трудам аргументирано да дебатирам. Ни претстои неповторлива шанса конечно да отскокнеме и да ја зацврстиме нашата самодоверба, почитување и заедничка мисија. Таа во моментов поради демократски зовриената размена не се препознава добро, но набрзо ќе се соочиме, секој на свој начин, со сопствената одговорност. Напред кон Европа со повеќе интеграција долж патот до полноправно членство или назад повторно кон поделби и залудно изгубено време“, рече Османи.

Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека Османи ги информирал европратениците – членови на Комисијата за „успешниот тек на скрининг процесот на европското законодавство“ и ја реафирмирал посветеноста на земјава кон зајакнување на функцонирањето на демократските институции и владеењето на правото, како области од клучно значење за натамошниот тек на преговорите.

„Подготвени сме за постигнување консензус меѓу политичките партии за клучните области од реформите и европската агенда и за зајакнување на соработката со Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции како форуми за водење на конструктивна дебата за ЕУ реформите и пристапните преговори“, истакна Османи.

Гласањето на Нацрт-резолуцијата за Северна Македонија за 2022 година во Комисијата е предвидено да се одржи кон крајот на мај, додека усвојувањето на пленарна седница на Европскиот парламент се очекува кон средината на јуни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...