fbpx
Таг: Германија

таг: Германија

Бегалците ќе можат да влегуваат во Германија само преку пет локации

Германија соопшти дека барателите на азил ќе можат да влезат на нејзина територија само преку пет места, долж границата со Австрија. Целта на ваквата политика, која стапува на сила веднаш, е подобра контрола на масовното влегување на бегалците во таа држава. Германија веќе постигнала договор со австриската влада по ова прашање. Инаку, меѓу двете држави имаше несогласувања, при што германскиот министер за внатрешни...

Германија до ВМРО-ДПМНЕ: Покажете волја и спроведете го Договорот од Пржино

„Специјалниот ополномоштеник за Западен Балкан, Турција и за државите на ЕФТА, д-р Ернст Рајхел, на 28 октовмри 2015 година го покани на разговор македонскиот амбасадор во Берлин, Сашо Марковски, во Министерството за надворешни работи, за да му ги пренесе разочарувањето и загриженоста на сојузната влада за имплементацијата на спогодбата од Пржино, која сè уште изостанува“, соопштуваат од германската амбасада...

Бегалската криза клучна тема на разговорите на Штајнмајер во Атина

Бегалската криза и справувањето со неа, грчките финансиски проблеми, билатералните прашања, но и регионалните отворени прашања и ситуацијата на Кипар, беа главните теми на денешните средби на шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмајер, со грчкиот државен врв во Атина. Штајнмајер ги пренесе германските предлози околу начинот на кој Грција треба да се справи со бегалците и да се постави...

Меркел денеска на средба со Ердоган за договор за бегалската криза

Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска треба да допатува во посета на Турција, каде со нејзиниот домаќин, претседателот Реџеп Таип Ердоган, ќе разговара околу бегалската криза и за договор меѓу Европската унија (ЕУ) и Турција за нејзино решавање, кој сè уште е неизвесен. Меркел, која се соочува со големи притисоци во Германија поради нејзината политика на отворени врати кон бегалците, според...

Најсериозната кандидатка за градоначалник на Келн ранета со нож

Најсериозниот кандидат за градоначалник на германскиот град Келн, Хенриета Рекер, денеска била ранета со нож, во напад што го извршил 44-годишен маж, за време на избораната кампања, еден ден пред закажаните избори, соопшти полицијата, пренесуваат медиумите. Рекер, според полицијата, била ранета во вратот, но е надвор од животна опасност. Во нападот, повредени се уште четири лица, од кои едно тешко. Нападот...

Бундестагот го заостри законот за азиланти

Долниот дом на германскиот парламент, Бундестаг, денеска и покрај бројните критики на здруженијата за заштита на човековите права и на левичарските партии, усвои нов закон за азил со кој драстично се намалуваат правата на барателите на азил. Со законот, освен Србија, БИХ и Македонија, како земји со безбедно потекло се дефинираат Албанија, Црна Гора и Косово, така што барателите на...

Баварија се заканува со тужба против владата во Берлин

Германската покраина Баварија се закани со поднесување тужба против федералната влада доколку Берлин веднаш не преземе чекори за ограничување на приливот на бегалци во Германија. - Се согласивме дека Баварија го задржува правото да се обрати до Уставниот суд доколку федералната влада набргу не преземе ефикасни чекори за ограничување на постојаниот прилив на азиланти – рече баварскиот министер за внатрешни...

Германското обвинителство го претресе седиштето на „Фолксваген“

Германското обвинителство денеска го претресе седиштето во „Фолксваген“ во Волфсбург во врска со мерењата со издувните гасови. Во соопштението се наведува дека целта на претресот е да се „осигураат документи и уреди за складирање податоци“, што можат да идентификуваат вклучување во скандалот и да објаснат како дошло до тоа. Со скандалот се опфатени околу 11 милиони автомобили во Европа и во САД.

Германија се сомнева дека Русија ги бомбардира целите на ИД во Сирија

Германските власти соопштија дека се сомневаат во тврдењата на Русија дека во воздушните напади во Сирија ги бомбардира позициите на Исламска држава. Русија во средата почна воздушни напади во Сирија против, како што тврди, Исламска држава во таа земја, додека Западот ја обвинува Москва дека поголемиот дел од нападите се наменети за противниците на режиот на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Со оглед...

Германија очекува 1,5 милион баратели на азил, двојно повеќе од досегашните процени

Бројот на бегалци што бараат азил во Германија до крајот на годината ќе изнесува 1,5 милион лица, што е речиси двојно повеќе од досегашните процени, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на информациите објавени од германскиот дневен весник „Билд“. Од германската влада засега нема коментар во врска со новите процени, кои се дел од официјален интерен извештај, цитиран од „Билд“. Во извештајот, меѓу другото,...

„Дојче банка“ предвидува пораст на германската економија поради бегалците

Германската „Дојче банка“ ја подигна прогнозата за порастот на економијата на Германија за следната година, а како причина го наведува огромниот прилив на бегалци, што ќе ја зголемат потрошувачката за половина процентен поен. Според најновите прогнози на „Дојче банка“, домашниот бруто-производ (БДП) на Германија во 2016 година ќе порасне за 1,9 отсто, во однос на претходно прогнозираните 1,7 отсто, пренесува...

Во Париз се одржува самит за Украина

Претседателите на Франција, Русија и на Украина, Франсоа Оланд, Владимир Путин и Петро Порошенко, и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Париз ќе одржат состанок посветен на ситуацијата на истокот на Украина. На средбата ќе се разгледа примената на мировниот договор, кој годинава во февруари беше постигнат во Минск. Договорот доведе до примирје на 15 февруари на истокот на Украина,...

Стапката на невработеност во Германија на историско најниско ниво

Стапката на невработеност во Германија во септември е на историско минимално ниво, а економијата и понатаму е во пораст, покажуваат денеска објавените статистички податоци. Месецов стапката на невработеност изнесува 6,4 отсто, што е на иста вредност како и во август. Тоа најниска стапка откако Западна и Источна Германија се обединија во 1990 година, објави националниот завод за статистика. Бројот на лицата...

Германија покрена истрага против поранешниот директор на „Фолксваген“

Германското обвинителство отвори истрага против поранешниот директор на „Фолксваген“, Мартин Винтеркорн, поради скандалот во кој се најде компанијата поради лажирање податоци за издувните гасови на возилата. Во соопштението се додава дека истрагата има цел да утврди кој е одговорен. Во обвинителството пристигнале повеќе кривични пријави, меѓу кои и една што се однесува на фирмата „Фолксваген“, а во која се наведуваат имињата на осомничените. „Фолксваген“...

Меркел: Да се обединат Германците во предизвикот со бегалците

Германците да го вратат духот присутен за време на обединувањето на земјата во 1990 година, ги повика денеска германската канцеларка Ангела Меркел, за полесно да се изборат со предизвикот за интегрирање на стотина илјади бегалци и мигранти. - Германското единство беше многу посебно - рече Меркел во своето неделно обраќање до јавноста, а во пресрет на 25-годишнината на обединувањето на...

Германија: Третина од азилантите имаат лажно сириско државјанство

Германските власти објавија податок дека дури третина од тие што поднеле барање за азил во оваа земја, изнеле лажни тврдења за своето сириско потекло. Од почетокот на годинава во Германија пристигнале стотина илјади бегалци од Африка и од Блискиот Исток во потрага по засолниште. Од Берлин нагласија дека засега ќе се откажат од враќање на Сиријците во европските земји од кои дошле,...

Орбан: Ако не сакате ограда, ќе ги пуштиме бегалците кон Германија

Унгарија или ќе ја заштити својата „зелена граница“ или „ако таа можност не е толку популарна“, ќе ги пропушти бегалците во правец кон Австрија или Германија, изјави во Брисел унгарскиот премиер Виктор Орбан, додавајќи дека мигрантите и „понатаму стигаат од Грција“. - Австрискиот канцелар изјави недвосмислено дека ако само со ограда сме во состојба да ги задржиме мигрантите, тогаш подобро...

Берлин бара продолжување на граничната контрола

Германија побара од Европската комисија да ѝ одобри продолжување на привремено воведените погранични контроли за подобро да се справи со рекордниот број мигранти, соопштија денеска од Европската комисија. Германската влада на 13 септември воведе десетдневна контрола на своите граници со Австрија и со Чешка. Во соопштението се истакнува дека Берлин побарал продолжување од уште 20 дена. Лидерите на ЕУ вечерва имаат вонреден самит,...

Ферхојген: Унгарија ја врши „валканата работа“ за Германија

Унгарија само ја врши „валканата работа“ за Германија, рече поранешниот еврокомесар за проширување, Гинтер Ферхојген, коментирајќи ја политиката на унгарскиот премиер Виктор Орбан. - Човекот само се обидува да го направи тоа што го бараме од него, така што ние не мора да го правиме истото. Унгарците ја вршат нашата валкана работа – рече Ферхојген во емисијата „Дуел“ на телевизијата „Н1...

Меркел: Нема законски лимит за примање бегалци

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска соопшти дека нема законски лимит за бројот на лицата кои бегаат пред политичкиот прогон и бараат засолниште во нејзината земја. Исто така, јасно стави до знаење дека луѓето кои немаат право на азил, мораат итно да се вратат во своите земји. Во Германија е регистриран најголем број мигранти, во споредба со која било друга европска земја,...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...