fbpx

Меркел: Нема законски лимит за примање бегалци

-

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска соопшти дека нема законски лимит за бројот на лицата кои бегаат пред политичкиот прогон и бараат засолниште во нејзината земја.

Исто така, јасно стави до знаење дека луѓето кои немаат право на азил, мораат итно да се вратат во своите земји.
Во Германија е регистриран најголем број мигранти, во споредба со која било друга европска земја, а се очекува годинава таа бројка да достигне 800.000.

Германската канцеларка рече дека не може да се даде проста цифра колку бегалци може да вдоми Германија.

– Темелното право на азил од политички прогон не познава горна граница. Тоа, исто така, важи и за бегалците кои кај нас побегнале од пеколот на граѓанската војна – рече Меркел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...