fbpx
Таг: Германија

таг: Германија

Меркел размислува за построги закони за мигрантите по новогодишните напади врз жени

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека се разгледуваат можности за измени во законската регулатива на земјата што ќе овозможат полесна депортација на мигрантите што сториле некакво кривично дело. Ваквите најави доаѓаат по сексуалните напади и разбојништва врз жени што се случија на 31 декември во градот Келн и кои ја шокираа германската јавност. Според актуелните германски закони, барателите на азил можат да бидат вратени...

Пукање во центар за бегалци во Германија

Непознато лице истрелало повеќе куршуми кон центарот за азиланти во Офенбах, на западот на Германија, при што еден жител на центарот е полесно повреден, соопшти германската полиција. Во соопштението се наведува дека засега не се знае кој е одговорен за инцидентот, кој се случил рано утринава, ниту, пак, кој бил мотивот за нападот. Полицијата наведува дека рано утринава, околу 2.30 часот се...

Во Германија годинава пристигнале повеќе од еден милион азиланти

Германија до крајот на годинава ќе регистрира околу 1,09 милиони азиланти, пренесе денеска весникот „Зексише цајтунг“, повикувајќи се на необјавена владина статистика. Бројот е во согласност со очекувањата на германските претставници. Локалните власти се соочени со проблемот на згрижување на голем број луѓе кои бегаат од судирите на Блискиот Исток и во Африка. Германското МВР засега не ја коментира информацијата. Високиот комесаријат...

Оланд, Меркел, Путин и Порошенко го поддржаа прекинот на огнот во Украина

Лидерите на Франција, Германија, Русија и Украина денеска во телефонски разговор ја потврдија посветеноста на прекинот на огнот и повлекувањето на тешкото вооружување од истокот на Украина, соопшти Елисејската палата. Франсоа Оланд, Ангела Меркел, Владимир Путин и Петро Порошенко во текот на двочасовниот разговор ја споменале и подготовката на локалните избори на истокот на Украина, кои се предвидени на почетокот...

Германците имаат милијарди од некогашната валута марка

Германците сè уште имаат милијарди некогашни марки и повремено ги заменуваат за евра. Годинава од оптек се повлечени 98,7 милиони германски марки. Многу години по воведувањето на еврото, некои Германци се носталгични спрема својата некогашна валута, а некои заборавиле дека чуваат марки. Анкетата покажува дека 54 проценти од Германците имаат уште стари пари дома. Нивната куповна вредност се проценува на околу 12,9...

Меркел попушти – бара драстично намалување на бројот на бегалците

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера изјави дека сака „драстично намалување“ на бројот на бегалците што доаѓаат во Германија, сигнализирајќи компромис со внатрепартиските критичари на нејзината политика на отворени врати. Меркел се спротистави на притисокот и одби воведување горна граница за прифаќање бегалци, што го бараа одредени членови на нејзината Христијанско демократска унија (ЦДУ), но ја прифати „загриженоста на луѓето за иднината“. -...

Партијата на Меркел бара забрана на носење бурка

Под притисок да го заостри ставот кон имигрантите, конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел повикаа да се забрани носење бурка во јавност. Во резолуцијата, која в понеделник ќе се усвојува на партискиот конгрес во Карлсруе, раководството на ЦДУ се спротивстави на барањето на некои членови за одредување горна граница за бројот на бегалци што можат да влезат во Германија. Во резолуцијата, која...

Годинава во Германија пристигнале 964.574 мигранти

Германија во ноември одобрила 206.101 барање за азил, што е нов рекорд во земјата во која од почетокот на годинава се регистрирани 964.574 мигранти, соопшти денеска германското министерство за внатрешни работи. Бројот на баратели на азил се зголемил во споредба со октомври, кога во земјата стигнале 181.166 мигранти. Се предвидува дека годинава во Германија ќе има повеќе од еден милион баратели на...

Бундестагот ја одобри воената кампања против ИД во Сирија

Долниот дом на германскиот парламент, Бундестагот, денеска го одобри почнувањето на воена кампања против милитантите на Исламска држава во Сирија. Одлуката сега треба да ја одобри Бундесратот, односно горниот дом, кој го сочинуваат претставници на 16 сојузни региони на Германија. Се очекува германската кампања против Исламска држава да чини околу 134 милиони евра, вклучувајќи и 1.200 војници.

Бундестагот гласа за мисија против ИД

Германскиот парламент денеска гласа за воена поддршка во борба против Исламска држава во Сирија, а се очекува пратениците да го поддржат овој контроверзен план. Гласањето следи по францускиот апел и по терористичките напади во Париз од 13 ноември, кога загинаа 130 луѓе. Иако пратениците изразиле загриженост поради најавената воена мисија, министрите веруваат дека Германија сега е мета на Исламска држава и...

Германија: Претреси во куќи поради лажни француски пасоши

Германската полиција денеска пребарала три куќи во западната покраина Северна Рајна-Вестфалија, каде неколку лица се осомничени за обид да набават лажни француски пасоши, соопшти обвинителството во Берлин. Портпаролот додаде дека никој не е уапсен, но не сакаше да каже дали има поврзаност со минатомесечните напади на Исламска држава во Париз, во кои загинаа 130 лица. Специјалните сили биле распоредени поради рациите...

Кабинетот на Меркел ја одобри одлуката за интервенции против ИД во Сирија

Кабинетот на германската канцеларка, Ангела Меркел, го одборил планот за вклучување на земјата во борбата против Исламска држава во Сирија, јавуваат светските медиуми. Како што пренесува „Би-Би-Си“, гласањето по одлуката во германскиот парламент е закажана за утре, среда. По истото прашање, утре, според медиумите, треба да се изјаснат и членовите на британскиот парламент. Вклучувањето на Велика Британија во војната против ИД, за...

Германската полиција ги ослободи осомничените за тероризам

Германската полиција ги ослободи двајцата мажи кои беа уапсени под сомнение дека им припаѓаат на исламските екстремисти во Германија. - Нема докази дека 28-годишниот Сириец и 46-годишниот Тунижанец подготвувале напади – соопшти полицијата. После нивното апсење полицијата извршила рација во џамија во Шарлотенбург, и во Исламскиот културен центар. Локалните медиуми претходни известиле дека осомничените се обиделе да пренесат експлозив од Минхен,...

Германија: Уапсено лице што го продало оружјето за нападите во Париз

Германските власти уапсиле 34-годишен маж, осомничен за илегална набавка и за продажба на оружје, соопшти германското обвинителство. Весникот „Билд“ јавува дека уапсениот е осомничен дека го продал оружјето користено во терористичките напади во Париз и оти тоа било купено преку интернет. Оружјето „калашњиков“ е купено на 7 ноември преку интернет од германскиот продавач од Бадер-Виртемберг, на југозападот на Германија, наведува германскиот...

Германската полицијата трага по Абдеслам

Германската полиција денеска почна акција откако доби дојава дека Салах Абдеслам, еден од осомничените за 13-ноемвриските напади во Париз, се наоѓа на северозападот на Германија. Сепак, засега нема индикации дека е таму. Полицијата добила дојава дека Абдеслам се наоѓа во областите Минден или Либек, во покраината Северна Рајна-Вестфалија. - По почетните интензивни претреси, засега нема показатели што би ги потврдиле овие сомнежи...

Меркел: Откажувањето на натпреварот е одговорна одлука

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ја поддржа синоќешната одлука за откажување на фудбалскиот натпревар меѓу Германија и Холандија поради безбедносни причини. - И јас, како и милиони навивачи, бев тажна поради откажаниот натпревар. Но, безбедносните претставници донеле одговорна одлука – рече Меркел во краткото обраќање пред новинарите. Таа додала дека ова е „тешка одлука“, имајќи ги предвид „спротивставените приоритети, слободата и...

Средба Заев – Рајхел: Не се дозволиви одложувања на обврските од Договорот од Пржино

Не се дозволиви доцнења и одложувања на обврските од Договорот од Пржино, чие доследно спроведување е клучен услов за фер и демократски избори, било заеднички оценето на денешната средба меѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Турција и за државите на ЕФТА, Ернст Рајхел, соопштија од СДСМ. На средбата, како што соопштуваат од...

Германија: Владејачката коалиција расправа за бегалската криза

Германската владејачка коалиција денеска повторно расправа за решавање на бегалската криза откако демохристијаните на Ангела Меркел и коалициските партнери социјалдемократи на првиот состанок во неделата не успеаја да ги приближат ставовите. Спорно било прашањето за транзитните зони на границите, односно предлогот да не се дозволува влез на мигрантите ако имаат мали изгледи за добивање азил. Германците очекуваат дека милион луѓе би...

Претреси во германската фудбалска асоцијација поради сомнежи за затајување данок

Франкфуртската полиција извршила престреси во седиштето на германската фудбалска асоцијација (ДФБ), поради сомневања за даночно затајување поврзанo со организацијата на Светското фудбалско првенство во 2006 година, чиј домаќин беше Германија, соопштиле од обвинителството, пренесува „Би-Би-Си“. Претрeсите, во кои биле опфатени и домовите на претседателот на ДФБ, Волфганг Ниерсбах, и неговиот предходник, Тео Цванцигер, следуваат откако во јавноста беа објавени информации...

Пронајдена бомба покрај писта на аеродром во Диселдорф

Седум летови на аеродромот во Диселдорф се откажани, откако во текот на ноќта, во близина на пистата е пронајдена бомба од Втората светска војна. - Поради контролираната експлозија на бомбата, откажани се неколку полетувања и слетувања - соопшти портпаролот на аеродромот, Кристијан Хинкел. Сè уште има многу неексплодирани бомби од времето на бомбардирањето на Германија во Втората светска војна. Најголемата евакуација поради неексплодирана...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...