fbpx
Таг: Германија

таг: Германија

Бундестагот усвои поостри мерки за бегалците

Германскиот парламент усвои поостри мерки за лицата што бараат азил за да го ублажи големиот прилив на бегалци. Пакетот мерки опфаќа ограничување на правата на обединување на семејствата за одредени мигранти. Законот, кој во Бундестагот е усвоен со 429 гласа „за“ и со 147 „против“, го олеснува протерувањето на осудените странци, што е клучна мерка која е предложена по насилствата во Келн на...

Германија очекува 3,6 милиони бегалци

Германската влада очекува до 2020 година во земјата ќе стигнат вкупно 3,6 милиони бегалци, во просек по половина милион секоја година, објавија медиумите. Германија во текот на 2015 година прифати 1,1 милион бегалци. Прогнозите се темелат на процените на германското министерство за економија, во соработка со другите министерства. За да изработи процена на економскиот развој, министерството за економија подготвило „интерна, чисто техничка...

Вратени 125 Авганистанци од Германија

Германската влада соопшти дека 125 Авганистанци на кои им е одбиено барањето за азил, доброволно се вратиле во матичната држава. Германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека авион со мигрантите слетал во Кабул. Враќањето го организирала Меѓународната организација за миграција. Германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезијер истакна дека враќањето на мигрантите е важно за обнова на Авганистан. Владата во Берлин изразила...

Германија: Нема услови за избори според европски стандарди

Германија го дели мислењето на Европската комисија во врска со состојбата со подготовките за парламентарни избори во Македонија, односно дека се потребни понатамошни реформски чекори пред да постои можност за избори според европски стандарди, соопштија попладнево од германската амбасада во Скопје. Од амбасадата ги повикуваат сите политички партии вклучени во процесот да вложат напор и да покажат политичка волја да најдат заедничко...

Штајнмајер и Ејро бараат реформи во Украина

Германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмајер, и неговиот француски колега, Жан-Марк Ејро, напишале заеднички текст кој го објави „Франфуртер алгемајне цајтунг“, а во кој повикуваат на спроведување реформи во Украина. Штајнмајер и Ејро почнуваат дводневна посета на Киев. Во текстот е истакнато дека е важно највисоките украински функционери „да останат посветени на духот на Мајдан и да продолжат со потребните...

Последен ден од Минхенската безбедносна конференција, Сирија во фокусот

Во Минхен денеска завршува безбедносната конференција, која, меѓу другото, има цел да го придвижи мировниот процес во завојуваната Сирија, чии жители масовно бегаат кон државите од Западна Европа. Русија и САД изнесоа различни предлози поврзани си конфликтот во Сирија. Официјална Москва смета дека примирјето треба да стапи на сила на 1 март, додека Вашингтон се залага тоа да стапи на...

Иванов ќе се обрати на панел-дискусијата на Минхенската безбедносна конференција

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска, во рамки на 52. Минхенска безбедносна конференција, ќе се обрати на панел-дискусијата „Кон понатамошна евроатлантска интеграција на Југоисточна Европа“. Покрај Иванов, кој четврти пат учествува на Минхенската безбедносна конференција, на панел-дискусијата ќе учествуваат и претседателите на Хрватска и на Словенија, Колинда Грабар-Китаровиќ и Борут Пахор, како и премиерите на Црна Гора и на...

Германија ја продолжи пограничната контрола за уште три месеци

Германија соопшти дека за уште три месеци ќе ја продолжи пограничната контрола поради приливот на бегалци, кои и понатаму пристигнуваат во голем број. Контролата, која е воведена на 13 септември минатата година, не може да биде укината затоа што „во моментот не може да се предвиди“ намалување на приливот на бегалците, објави германското министерство за внатрешни работи. Речиси 1,1 милион луѓе...

Во Германија почнува судење на поранешен чувар на Аушвиц

Судењето на Рајнхолд Ханинг, 94-годишен поранешен чувар во логорот Аушвиц, денеска почна во Дермолд, Западна Германија, а обвинетиот ќе одговара за соучество во смртта на повеќе од стотина илјади лица. Поранешниот чувар, чија здравствена состојба дозволува само два часа судење дневно, ќе одговара за соучество во смртта на најмалку 170.000 лица во период од јануари 1943 до јуни 1944 година. Ханинг може да добие...

Пронајдени црните кутии од железничката несреќа во Германија

Спасувачите на местото на судирот на два воза на југот на Германија, во кој загинаа 10 лица, денеска ги пронајдоа двете црни кутии и траат по третата. Министерот за сообраќај, Александер Добринт, изјави дека кутиите веројатно го содржат одговорот за причината за несреќата. Тој на прес-конференција во градот Бад Ајблинг во Баварија, во близина на несреќата, опиша сцена на хаос...

Сè поголем бројот на загинати во железничката несреќа во Германија

Причината за судирот на двата воза во Баварија, при кој загинаа најмалку девет лица, сè уште не е позната, соопшти полицијата која отвори истрага. Меѓу загинатите е и машиновозачот на еден од возовите, додека по другиот сè уште се трага, но се верува дека е меѓу живите. Најмалку осум лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во судир на два воза...

Давутоглу и Меркел бараат сопирање на офанзивата на Алепо

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска соопшти дека повеќе од 30.000 сириски бегалци го напуштиле подрачјето на Алепо и оти се наоѓаат на сириска територија во близина на границата со Турција. На заедничката прес-конференција со германската канцеларка Анегла Меркел, Давутоглу рече дека Турција ќе им овозможи на бегалците да влезат во земјата само доколку биде потребно, додавајќи дека руските воздушни напади...

За време на карневал во Келн, регистрирани 22 сексуални напади

Германската полиција соопшти дека биле регистрирани 22 сексуални инциденти за време на карневалските свечености во западногерманскиот град Келн. Речиси 200 лица биле притворени за нарушување на јавниот ред, додека едно лице е уапсено и обвинето за напад и за силување. Мерките за безбедност годинава се значително зголемени и на улиците има повеќе од 2.500 полицајци. Ваквата одлука на германските власти доаѓа по...

Германската влада усогласила мерки за азил

Германската влада денеска одобри пакет мерки кои имаат цел да го намалат бројот на мигранти што во земјата бараат азил. Мерките минатата недела ги одобри владејачката коалиција на канцеларката Ангела Меркел, а тие вклучуваат користење посебни центри за брзо процесирање на мигрантите што имаат шанса да добијат азил, што значи дека некои Сиријци подолго ќе чекаат за да им се придружат роднините. На...

Данска ја задржува контролата на границата со Германија

Данската влада одлучи да ја продолжи контролата на границата со Германија за уште 20 дена, до 23 февруари, соопшти Ингер Стојберг, министерка за имиграција и за интеграција. Стојберг во парламентот изјави дека постои можност во Данска да пристигнат голем број мигранти и бегалци. Според нејзина процена, Шведска би требало да воведе контрола на својата граница.

Во Келн уапсени 15 лица поврзани со албанската мафија

Во голема акција на германската полиција во Келн се уапсени 15 лица, а меѓу нив, наводно, е и шефот на албанската мафија во тој град. Во акцијата учествувале околу 400 полицајци, а претресени се 54 стана. Германската полиција соопшти дека станува збор за „банда по потекло од поранешна Југославија“, која се занимавала со шверц на хероин и на кокаин, како и...

Германија и Австрија планираат затворање на македонската граница и „мегакампови“ за бегалците

Германија и Австрија, во соработка со македонската и со грчката влада, развиваат план да ја затворат македонско-грчката граница за бегалци, јавува агенцијата „Спутник“, пренесувајќи информации на германскиот весник „Билд“. Според германскиот весник, експерти од Виена, Брисел и од Берлин сакаат да ја затворат границата и да ја опремат со систем за надгледување. Истовремено, зголемениот број на претставници на Агенцијата за контрола на...

Германската полиција надгледува повеќе од 400 милитанти

Бројот на милитантните исламисти што од боиштата во Ирак и во Сирија се враќаат во Германија е во постојан пораст и повеќе од 400 од нив во моментов се наоѓаат под полициски надзор, соопшти денеска германската полиција. Челникот на германската сојузна полиција, Холгер Меунч, за телевизијата АРД рече дека истовремено опаѓа бројот на лицата што од Германија заминуваат во овие две земји...

Германија почнала да враќа поголем број мигранти во Австрија

Германија, од почетокот на овој месец, почнала да враќа во Aвстрија зголемен број мигранти кои немаат валидни документи или, пак, не сакаат да бараат азил во земјата, соопштила австриската полиција, пренесува „Би-Би-Си“. Поголемиот број од лицата што германските власти ги враќаат назад во Австрија, не биле Сиријци, туку главно државјани на Авганистан, Мароко и на Алжир. „Бројот на мигранти кои во просек...

Пакистанци и Сириец нападнати во Келн

Група Пакистанци и Сириец се нападнати во Келн, каде и понатаму се големи тензиите поради насилствата на новогодишната ноќ за кои се обвинети имигрантите, соопшти денеска полицијата. Околу 20 лица вчера нападнаа шест Пакистанци, од кои двајца биле хоспитализирани, но набргу пуштени. Еден Сириец синоќа е повреден во напад што го извршиле пет лица. Полицијата и понатаму истражува дали нападот бил расно мотивиран...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...