fbpx

Пронајдени црните кутии од железничката несреќа во Германија

-

Спасувачите на местото на судирот на два воза на југот на Германија, во кој загинаа 10 лица, денеска ги пронајдоа двете црни кутии и траат по третата.

Министерот за сообраќај, Александер Добринт, изјави дека кутиите веројатно го содржат одговорот за причината за несреќата. Тој на прес-конференција во градот Бад Ајблинг во Баварија, во близина на несреќата, опиша сцена на хаос каква што затекнал.

– Таму глетките се ужасни. Беше шокантно да се види како два воза се сплескале и еден се забил во друг – рече министерот.

Тој додаде дека возовите сигурно се движеле со голема брзина, како и дека на тој дел од пругата максималната дозволена брзина изнесува 100 километри на час.

Во несреќата загинаа најмалку 10 лица, а десетици се повредени, од кои девет се во критична состојба.
Од силината на судирот, еден од возовите излетал од шините, соопшти полицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...